Возрасни Спречување одложена појава на наузеа и вомитус по хемотерапија
Наузеа и вомитус, вклучувајќи наузеа и вомитус кои се појавуваат при мигрена
Акутна мигрена
- Применливо во комбинација со орални аналгетици со цел подобрена апсорпција на аналгетикот.
Педијатриска популацијаСпречување одложена појава на наузеа и вомитус по хемотерапија и пост-оперативно
Metoclopramide претставува допаминергичен антагонист, кој го зголемува постојаниот тонус на езофагеалниот сфинктер, ги подобрува тонусот и перисталтиката на желудникот, предизвикува релаксација на пилоричниот сфинктер и зголемување на дуоденалната перисталтика. Како допаминергичен антагонист, ја преминува цереброваскуларната бариера и стапува во контакт со допаминергичните рецептори од хеморецепторната тригерзона, чијшто праг го зголемува и спречува емеза предизвикана од централни еметици, а ја намалува и осетливоста на висцералните нерви коишто пренесуваат импулси од ГИТ до еметичниот центар во мозокот. Metoclopramide ги блокира 5-НТз рецепторите коишто се сместени во тригеминоваскуларниот систем. Ваквата активност придонесува за неговите антимигренозни својства.
Растворот може да се аплицира интравенски и интрамускулно.
Интравенската доза се аплицира бавно, во облик на болус-инјекција, во времетраење од најмалку З минути. Минималниот интервал помеѓу двете апликации треба да биде 6 часа.
При пост-оперативна наузеа и емеза, препорачаната доза е 10mg.
За симптоматска терапија на неузеа и вомитус, вклучувајќи наузеа и вомитус предизвикани од мигрена и спречување на наузеа и вомитус предизвикани од радиотерапија, се препорачува доза од 10mg на секои 8 часа.
Посебни популацииПостари пациенти
- Потребно е прилагодување на дозата.
Пациенти со ренално оштетување
- Кај пациентите со креатинин клиренс од 15 - 60 mL/min, дозата да се намали на половина од вообичаената доза;
- Кај пациентите со креатинин клиренс < 15 mL/min, дозата да се намали до 75%.
Пациенти со хепатално оштетување
- Дозата треба да се намали за 50% кај пациентите со тешко хепатално нарушување.
Педијатриска популација
- Препорачана доза на metoclopramide е 0,1 - 0,15 mg/kg телесна тежина, на секои 8 часа.
Табела 1. Режим на дозирање
Возраст
|
Телесна тежина
|
Доза
|
Фреквенција
|
9 - 18 години
|
30 - 60 kg
|
5mg
|
на секои 8 часа
|
15 - 18 години
|
> 60 kg
|
10mg
|
на секои 8 часа
|
Поради можност од појава на сонливост, вртоглавица, дискинезија и дистонија, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување