Лек: Рикус

  • ATC код:N05AX08
  • Компанија:РИФАМ доо
  • Доза:1mg филм-обложена таблета
Шизофренија
Умерени до тешки манични епизоди при биполарни растројства
Перзистентна агресивност кај пациенти со умерена до тешка Алцхајмерова деменција
Перзистентна агресивност кај пациенти со потпросечно интелектуално функционирање или ментална ретардација

Рисперидонот е селективен моноаминергичен антагонист со висок  афинитет  кон  серотонинергичните  5-НТ2 и  допаминергичните  D2- рецептори.  Pисперидонот  се  врзува  и за  алфа1-адренергичните рецептори  и,  со помал  афинитет,  за  Н1хистаминските и алфа2-адренергични рецептори. Рисперидонот  нема афинитет кон холинергичните рецептори.  Иако рисперидонот  е силен D2-антагонист,  што се смета дека доведува до подобрување на позитивните симптоми  при  шизофренија,   тој  предизвикува   помала  депресија  на  моторната активност и индукција на каталепсија  од класичните невролептици. Урамнотежениот централен  серотонински  и допамински  антагонизам  може да  ја намали  склоноста кон екстрапирамидни несакани дејства и да ја прошири терапевтската активност кон негативните и афективните симптоми при шизофренија.

Шизофренија
  • Препорачана почетна доза на risperidone е 2 mg/ден, поделена во две поединечни дози кои се администрираат на секои 12 - 24 часа; 
  • Вториот ден дозата може да се зголеми на 4 mg/ден.
Манични епизоди при биполарни растројства
  • Препорачана почетна доза на risperidone е 2mg дневно.
Перзистентна агресивност кај пациенти со умерена до тешка Алцхајмерова депресија
  • Препорачана почетна доза на risperidone е 0,25 mg на секои 12 - 24 часа.  
Посебни популации
Постари пациенти
Шизофренија
  • Препорачана почетна доза на risperidone е 0,5mg, на секои 12 часа.
Манични епизоди при биполарни растројства
  • Препорачана почетна доза на risperidone е 0,5mg, на секои 12 часа.
Пациенти со ренално оштетување
  • Потребно е прилагодување на дозата. 
Пациенти со хепатално оштетување
  • Потребно е прилагодување на дозата. 
Педијатриска популација
Шизофренија
  • Не се препорачува употреба на risperidone за третман на шизофренија кај педијатриски пациенти. 
Манични епизоди при биполарни растројства
  • Не се препорачува употреба на risperidone за третман на манични епизоди при биполарни растројства кај педијатриски пациенти. 
Нарушување на однесувањето
  • За пациенти со телесна тежина ≥ 50kg, препорачана почетна доза на risperidone е 0,5mg дневно; 
  • За пациенти со телесна тежина < 50kg, препорачана почетна доза на risperidone е 0,25mg дневно.
  • Хиперсензитивност кон risperidone
Фармакодинамски интеракции
Лекови кои го пролонгираат QT-интервалот
  • Истовремената употреба на risperidone со лекови од групата на антиаритмици (кинидин, дизопирамид, прокаинамид, пропафенон, амиодарон, соталол), трициклични антидепресиви (амитриптилин), тетрациклични антидепресиви (мапротилин), некои антихистаминици, други антипсихотици, некои лекови против маларија (хинин и мефлокин), како и лекови што  предизвикуваат електролитен дисбаланс (хипокалиемија, хипомагнезиемија) може да резултира со пролонгирање на QT-интервалот. 
Лекови со централно дејство и алкохол
  • Истовремената употреба на risperidone со алкохол или лекови со централно дејство може да резултира со седација.
Леводопа и допаминергични агонисти
  • Истовремената употреба на risperidone со леводопа или допаминергични агонисти може да резултира со инхибиција на терапевтското дејство на леводопа или гопаминергичните агонисти.
Антихипертензиви
  • Истовремената употреба на risperidone со антихипертензиви може да резултира со потенцирање на антихипертензивниот ефект на овие лекови. 
Палиперидон
  • Истовремената употреба на risperidone со палиперидон може да резултира со адитивна експозиција на активната антипсихотичка фракција. 
Психостимуланси
  • Истовремената употреба на risperidone со психостимуланси како метилфенидат може да резултира со манифестација на екстрапирамидални несакани ефекти. 
Фармакокинетски интеракции
Силни инхибитори на CYP450 2D6
  • Истовремената употреба на risperidone со силни инхибитори на CYP450 2D6 може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на risperidone.
Индуктори на CYP450 3A4 и Р-гликопротеин
  • Истовремената употреба на risperidone со индуктори на CYP450 3A4 и/или Р-гликопротеин може да резултира со намалување на плазматските концентрации на risperidone
Влијание на други лекови врз фармакокинетиката на risperidone
Рифампицин
  • Истовремената употреба на risperidone со рифампицин може да резултира со намалување на плазматската концентрација на risperidone.
Антиепилептици
  • Истовремената употреба на risperidone со антиепилептици како карбамазепин, фенитоин, фенобарбитал или топирамат може да резултира со намалување на плазматската концентрација на risperidone.
Антифунгални лекови
  • Истовремената употреба на risperidone со антифунгални агенси како итраконазол и кетоконазол може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на risperidone
Антипсихотици
  • Истовремената употреба на risperidone со фенотиазини може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на risperidone.
Антивирусни лекови
  • Истовремената употреба на risperidone со антивирусни лекови како ритонавир може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на risperidone.
β-блокатори
  • Истовремената употреба на risperidonе со β-блокатори може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на risperidone.
Блокатори на калциумови канали
  • Истовремената употреба на risperidonе со блокатори на калциумовите канали како верапамил може да резултира со зголемување на плазматските концентрации на risperidone
Гастроинтестинални лекови
  • Истовремената употреба на risperidonе со Н2-рецепторни антагонисти како циметидин или ранитидин може да резултира со зголемување на биорасположливоста на risperidone.
Селективни инхибитори на серотонинското ре-преземање (SSRIs) и трициклични антидепресиви
  • Истовремената употреба на risperidonе со селективни инхибитори на серотонинското-репреземање (SSRIs), како флуоксетин, пароксетин, сертралин, флувоксамин или трициклични антидепресиви може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на risperidone
Кола пијалоци и чај
  • Истовремената употреба на risperidone со кола пијалоци или чај може да ги потенцира некои од фармаколошките ефекти на risperidone и да предизвика адитивна депресија на CNS проследена со нарушување на размислувањето и на психо-моторните вештини. 
Бременост
  • Не се препорачува употреба на risperidone за време на бременост. 
Доење
  • Не се препорачува доење за време на спроведување на терапија со risperidone.

Risperidone може да ја инхибира репродуктивната функција кај мажите и кај жените. 

Многу чести
  • Инсомнија, седација, сомноленција, паркинсонизам, главоболка.
Чести
  • Пневмонија, бронхитис, синузитис, инфекции на уринарен тракт, грип, анемија, хиперпролактинемија, обезност, зголемен/намален апетит, нарушен сон, агитација, анксиозност, депресија, акатизија, дистонија, замаеност, дискинезија, тремор, заматен вид, тахикардија, хипертензија, диспнеа, фаринго-ларингеална болка, кашлица, епитакса, назална конгестија, абдоминална болка, абдоминална нелагодност, вомитус, мачнина, опстипација, дијареа, диспепсија, сува уста, забоболка, осип, мускулни спазми, мускулоскелетна болка, болка во грбот, артралгија, уринарна инконтиненција, едем, хиперпирексија, ангина пекторис, астенија, замор, болка, падови.
Помалку чести
  • Инфекции на респираторен тракт, циститис, инфекции на око, тонзилитис, онихомикози, целулитис, локализирана инфекција, вирусна инфекција, субкутан абсцес, акародерматитис, неутропенија, леукопенија, тромбоцитопенија, анемија, намален хепатокрит, хиперсензитивност, дијабетес мелитус, хипергликемија, полидипсија, намалена тежина, анорексија, хиперхолестеролемија, манија, конфузна состојба, намалено либидо, нервоза, ноќни кошмари, тардивна дискинезија, церебрална исхемија, неосетливост на стимули, губиток на свест, депресирано ниво на свест, конвулзии, синкопа, психомоторна хиперреактивност, нарушена рамнотежа, абнормалност во координација, постурална зашеметеност, намалено внимание, дизрартрија, дисгеузија, фотофобија, суво око, хиперлакримација, окуларна хиперемија, вертиго, тинитус, болка во увото, атријална фибрилација, атриовентрикуларен блок, нарушена спроводливост, продолжен QT-интервал на ЕКГ, брадикардија, абнормален ЕКГ, палпитации, хипотензија, ортостатска хипотензија, црвенило на лицето, аспирациона пневмонија, белодробна конгестија, конгестија на респираторен тракт, свирење во градите, дисфонија, респираторни нарушувања, фекална инконтиненција, фекалом, гастроентеритис, уртикарија, пруритус, алопеција, хиперкератоза, егзем, сува кожа, дисколорација на кожа, акни, себороичен дерматитис, кожни нарушувања, кожни лезии, зголемено ниво на креатин фосфокиназа, абнормално држење, вкочанетост во зглобовите, оток во зглобовите, мускулна слабост, болка во вратот, полакиурија, уринарна ретенција, дисурија, еректилна дисфункција, еакулациони нарушувања, аменореа, менструални нарушувања, гинекомастија, сексуална дисфункција, болка и нелагодност во дојките, вагинално празнење, фацијален едем, морници, хиперпирексија, полидипсија, нелагодност во градите, малаксаност, абнормално општо чувство, нелагодност, зголемени серумски нивоа на трансаминазите, гама-глутамилтрансферазата и другите хепатални ензими, процедурална болка.
Ретки
  • Инфекција, агранулоцитоза, неутропенија, еозинофилија, анафилактична реакција, несоодветна секреција на антидиуретичен хормон, глукозурија, интоксикација со вода, хипергликемија, хиперинсулинемија, хипертриглицеридемија, кататонија, сомнабулизам, нарушувања со јадењето поврзани со спиењето, нарушен афект, аноргазмија, невролептичен малиген синдром, цереброваскуларни нарушувања, дијабетична кома, цереброваскуларни нарушувања, дијабетична кома, глауком, нарушено движење на очите, тркалање на очи, крусти на ивиците од очни капаци, floppy iris syndrome (интраоперативен), синус аритмија, пумлонален емболизам, венска тромбоза, црвенило, синдром на ноќна апнеа, хипервентилација, панкреатитис, интестинална опструкција, отечен јазик, хеилитис, перут, рабдомиолоза, неонатален синдром на повлекување на лекот, пријапизам, одложена менструација, чувствителни и зголемени дојки, празнење на дојките, хипотермија, намалена телесна температура, чуствсто на студ на периферни делови на телото, синдром на повлекување на лекот, индурација, жолтица.
Многу ретки
  • Дијабетична кетоацидоза, илеус, ангиоедем.
Непознато

/

Симптоми
  • Сонливост, седација, тахикардија, хипотензија, екстрапирамидни симптоми, конвулзии, пролонгитање на QT-интервалот.
Третман
  • Одржување на виталните функции; 
  • Примена на гастрична лаважа и активен јаглен во комбинација со лаксатив, 1 час по интоксикацијата; 
  • Примена на симптоматски и супортивен третман; 
  • Администрација на антихолинергичен агенс во случај на манифестација на сериозни екстрапирамидални несакани ефекти. 

Поради можност од промени на централниот нервен систем и промени на видот, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:N05AX08
Генерично име:risperidone
Латинично име:Risperidone film-coated tablets
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:1mg филм-обложена таблета
Производител:РИФАМ доо
Носител на одобрение:Biofarma Ilac San ve Tic AS , Истанбул, Турција