Шизофренија
Умерени до тешки манични епизоди при биполарни растројства
Перзистентна агресивност кај пациенти со умерена до тешка Алцхајмерова деменција
Перзистентна агресивност кај пациенти со потпросечно интелектуално функционирање или ментална ретардација
Risperidone е селективен моноаминергичен антагонист со висок афинитет кон серотонинергичните 5-НТ2 во мозокот, кој врши супресија на симптомите на шизофренија. Врзувањето на risperidone за серотонинергичните рецептори ја подобрува клиничката слика на шизофренијата, но го зголемува ризикот од појава на екстрапирамидални несакани ефекти бидејќи на тој начин се зголемува ослободувањето на допамин од страна на фронталниот кортекс. Од друга страна, малиот афинитет на risperidone за врзување со D2-допаминергичните рецептори и неговата брза дисоцијација од компексот со овие рецептори ја намалува можноста од појава на екстрапирамидални несакани ефекти.
Risperidone може да ја инхибира репродуктивната функција кај мажите и кај жените.
Поради можност од промени на централниот нервен систем и промени на видот, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.