Enzalutamide претставува компетитивен андроген рецепторен антагонист кој врши инхибиција на андрогената сигнална патека, без сигнификантна стимулирачка активност врз андрогените рецептори. Enzalutamide го инхибира врзувањето на андрогените за нивните сродни рецептори, со што се спречува интеракцијата со хромозомалната DNA, а со тоа се спречува транскрипцијата на туморските гени. Enzalutamide превенира транслокација на андрогените рецептори од цитоплазмата во јадрото на клетката.
Препорачана доза на enzalutamide е 160mg дневно (4 меки капсули), со или без оброк.
Посебни популацииПедијатриска популација
- Не се препорачува употреба на enzalutamide кај деца и адолесценти.
Лекови кои се користат за третман на астма (аминофилин, теофилин)
Лекови кои се користат за третман на депресија и шизофренијаНе се препорачува истовремена употреба на enzalutamide со лекови кои се користат за третман на шизофренија, како што се:
Клозапин
Оланзапин
Зипрасидон
Бупропион
Литиум
Хлорпромазин
Мезоридазин
Тиоридазин
Амитриптилин
Десипрамин
Имипрамин
Мапротилин
Миртазапин
Рисперидон
Доксепин
Аналгетици (петидин, фентанил, трамадол)
- Истовремената употреба на enzalutamide со аналгетици како што е фентанилот може да резултира со намалување на плазматската концентрација на фентанил, а истото се однесува и на другите аналгетици.
Антихиперлипидемици (гемфиброзил, аторвастатин, симвастатин)
- Истовремената употреба на enzalutamide со антихиперлипидемици како што е аторвастатинот може да резултира со намалување на плазматската концентрација на аторвастатин, а истото се однесува и на другите антихиперлипидемици.
Антинеопластици (кабазитаксел)
- Истовремената употреба на enzalutamide со кабазитаксел може да резултира со намалување на плазматската концентрација на кабазитаксел.
Антиепилептици (карбамазепин, клоназепам, фенитоин, примидон, валпроична киселина)
- Истовремената употреба на enzalutamide со лекови од групата на антиепилептици, како што е карбамазепинот може да резултира со намалување на плазматската концентрација на enzalutamide, а истото се однесува и на другите антиепилептици.
Лекови кои се користат за третман на сериозна вознемиреност и шизофренија (диазепам, мидазолам, халоперидол)
- Истовремената употреба на enzalutamide со лекови кои се користат за третман на сериозна вознемиреност и шизофренија, како што е диазепамот може да резултира со намалување на плазматската концентрација на диазепам, а истото се однесува и на останатите нему-слични лекови.
Лекови кои се користат за третман на инсомнија (золпидем)
- Истовремената употреба на enzalutamide со золпидем може да резултира со намалување на плазматската концентрација на золпидем, а истото се однесува и на останатите лекови кои се користат за третман на инсомнија.
Антихипертензиви или лекови кои се користат за третман на срцеви заболувања (бисопролол, дигоксин, дилтиазем, фелодипин, никардипин, нифедипин, пропранолол, верапамил)
- Истовремената употреба на enzalutamide со антихипертензиви или лекови кои се користат за третман на срцеви заболувања може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на enzalutamide.
Дексаметазон, преднизолон
- Истовремената употреба на enzalutamide со дексаметазон или преднизолон може да резултира со намалување на плазматската концентрација на овие лекови.
Лекови кои се користат за третман на ХИВ-инфекции (индинавир, ритонавир)
- Истовремената употреба на enzalutamide со лекови кои се користат за третман на ХИВ-инфекции, како што се ритонавир или индинавир може да резултира со намалување на плазматската концентрација на овие лекови.
Антибиотици (кларитромицин, доксициклин)
- Истовремената употреба на enzalutamide со кларитромицин може да го зголеми ризикот од појава на аритмија која може да биде сериозна и живото-загрозувачка.
Левотироксин
Колхицин
Омепразол
- Истовремената употреба на enzalutamide со омепразол може да резултира со намалување на плазматската концентрација на омепразол.
Дабигатран етексилат
- Истовремената употреба на enzalutamide со дабигатран етексилат може да резултира со намалување на плазматската концентрација на дабигатран етексилат.
Такролимус
- Истовремената употреба на enzalutamide со такролимус може да го зголеми ризикот од отфрлање на трансплантат како резултат на намалувањето на плазматската концентрација на такролимусот.
Лекови кои се користат за подобрување на срцевиот ритам (кинидин, прокаинамид, амиодарон, соталол)
- Истовремената употреба на enzalutamide со лекови кои се користат за подобрување на срцевиот ритам како што е амиодаронот може да го зголеми ризикот од појава на аритмија која може да биде сериозна и живото-загрозувачка.
Enzalutamide не е наменет за употреба кај жени.
Не се препорачува употреба на enzalutamide за време на бременост и доење.
Enzalutamide влијае негативно врз машката плодност.
Доколку пациентите имаат сексуален однос со жена што може да забремени во текот на спроведувањето на терапијата со enzalutamide и за време од три месеци по завршувањето на терапијата, неопходна е примена на ефикасна контрацептивна метода.
Во случај на предозирање со enzalutamide може да се зголеми ризикот од појава на епилептичен напад.
Enzalutamide има минорно влијание врз способноста за возење или управување со машини.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.