Лек: Адвате

  • ATC код:B02BD02
  • Компанија:ФАРМИКС дооел
  • Доза:2000IU прашок и вехикулум за раствор за инјектирање
Третман и профилакса на крварење кај пациенти со хемофилија А (конгенитален недостаток на фактор VIII)

По инфундирање кај хемофиличари, факторот VIII (оctоcog alfa) се врзува за фон-Вилебрандовиот фактор во циркулацијата на пациентот. Активираниот фактор VIII делува како кофактор на активираниот фактор IX, со што ја забрзува конверзијата на факторот Х во активиран фактор Х. Активираниот фактор Х го конвертира протромбинот во тромбин, а тромбинот потоа го конвертира фибриногенот во фибрин и на тој начин настанува коагулацијата.

Оctocog alfa растворот за инјектирање се аплицира интравенски, по растворање на прашокот во соодветниот растворувач. Растворот за инјектирање треба да се администрира веднаш по неговата реконституција, односно не подолго од 3 часа по реконституцијата.

Максималната брзина на аплицирање треба да биде 10mL/минута.

Tабела 1. Шема на дозирање на octocog alfa

 

Потребна врвна пост-инфузиона активност на анти-хемофиличниот фактор во крвта (како % од нормалата или IE/dL плазма)

Фреквенција на инфундирање

Степен на хеморагија

 

Рана хемартроза, мускулно или орално крварење

20 – 40

Започнете со инфузија на секои 12 – 24 часа за 1 – 3 дена сé додека епизодата на крварење не се повлече

Пообемна хемартроза, мускулно крварење или хематом

30 – 60

Повторете на инфузијата на секои 12 – 48 часа во тек на 3 дена или повеќе, додека болката и онеспособеноста не се повлечат

Живото-загрозувачко крварење (повреда на глава, крварење во грло, тешка абдоминална болка)

60 – 100

Повторете ја инфузијата на секои 8 – 24 часа сé додека заканата не е отстранета

Хируршка интервенција

 

Мал хируршки зафат, вклучително екстракција на заб

30 – 60

Единечна инфузија + орална анти-фибринолитична терапија во тек на 1 час

Голем хируршки зафат

80 – 100 (пре- и пост-оперативно)

Повторете ја инфузијата на секои 8 – 24 часа во зависност од статусот на заздравување

 
Долгорочна профилакса на крварење кај пациенти со тежок облик на хемофилија А
  • Препорачана доза на octocog alfa е 20 – 40 IE/kg телесна тежина, во интервали од 2 – 3 дена.
Посебни популации
Педијатриска популација
  • Octocog alfa е соодветен за употреба кај деца од било која возраст, вклучително и новороденчиња;
  • Режимот на дозирање кај педијатриските пациенти е идентичен со оној кој се применува кај возрасните;
  • За долготраен профилактички третман на крварење кај пациенти со тежок облик на хемофилија А, во некои случаи кратки дозни интервали или зголемени дози може да бидат неопходни во однос на вообичаените дози од 20 – 40 IE фактор VIII (octocog alfa) на килограм телесна тежина, во интервали од 2 – 3 дена.
  • Хиперсензитивност кон octacog alfa.

Нема податоци. 

Нема податоци. 

Бременост
  • Не се препорачува употреба на факторот VIII (octacog alfa) за време на бременост, освен доколку тоа не е неопходно.

Доење
  • Не се препорачува доење за време на спроведување на терапијата со факторот VIII (octacog alfa).

Нема податоџи. 

Многу чести
  • Создавање на инхибитори кон фактор VIII (кај претходно-нетретирани пациенти).

Чести
  • Морници. 
Помалку чести
  • Инфекција на увото, создавање на инхибитори кон фактор VIII (кај претходно-третирани пациенти), вртоглавица, тремор, епистакса, црвенило, хематом, хипотензија, бледило, периферно студенило, фаринго-ларингеална болка, наузеа, хиперхидроза, пруритус, осип, макуло-папиларен осип, малаксаност, пирексија, болка во екстремитетите, абнормален тест на акустична стимулација.

Ретки

/

Многу ретки

/

Непознато
  • Анафилактичка реакција, хиперсензитивност, губење на свеста, синкопа, главоболка, парестезија, цијаноза, тахикардија, диспнеа, кашлица, свирење во градите, повраќање, абдоминална болка, ангиоедем, уртикарија, кожни ексфолијации, црвенило, непријатност, реакција на местото на апликација, болка во градите, непријатно чувство во градите. 

Нема податоци. 

Нема влијание. 

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:B02BD02
Генерично име:octacog alfa
Латинично име:Octocog alfa powder and solvent for solution for injection
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:2000IU прашок и вехикулум за раствор за инјектирање
Производител:ФАРМИКС дооел
Носител на одобрение:Baxalta Belgium Manufacturing SA, Лесинес, Белгија