Препорачана доза на levonorgestrel, ethinylestradiol е 1 таблета дневно, во период од 21 дена, по што се прави пауза од 7 дена без терапија.
Почеток на третманотБез претходна примена на хормонални контрацептиви
- Levonorgestrel, ethinylestradiol се зема на првиот ден од природниот циклус, односно на првиот ден од менструалното крварење; доколку се земе во деновите од 2 - 5, се препорачува дополнителна контрацептивна терапија за првите 7 дена од првиот циклус на третманот.
Префрлување од друга комбинирана хормонална контрацепција
- Levonorgestrel, ethinylestradiol се зема еден ден по земањето на последната активна таблета од нејзината претходна комбинирана контрацептивна терапија или по отстранување на прстенот / лепенката, но не подоцна од денот што следи после вообичаениот период без таблети / без прстен, без лепенка, или на денот на земањето на последната неактивна таблета од претходниот комбиниран производ.
После абортус во првиот триместар
- Третманот може да започне веднаш, без претходна контрацепција.
Пост-партум или после абортус во вториот триместар
- Со администрација на levonorgestrel, ethinylestradiol се започнува на 21-виот - 28-миот ден пост-партум или по абортусот во вториот триместар.
Хиперсензитивност кон levonorgestrel
Хиперсензитивност кон ethinylestradiol
Присуство на- или ризик од венски тромбоемболизам
- Постоечки венски тромбоемболизам;
- Историја на венски тромбоемболизам (длабока венска тромбоза или пулмонарна емболија);
- Конгенитални или стекнати предиспозиции за венски тромбоемболизам (АРС резистенција и фактор V Лајден, дефицит на антитромбин III, дефицит на протеин С и дефицит на протеин Ѕ);
- Голема операција со продолжена имобилизација;
- Висок ризик од венски тромбоемболизам поради неколку ризик-фактори.
Артериски тромбоемболизам
- Постоечки артериски тромбоемболизам;
- Историја на артериски тромбоемболизам (миокарден инфаркт);
- Болест во продромална фаза (ангина пекторис);
- Цереброваскуларна болест - постоечки мозочен удар или историја на мозочен удар или продромална болест (историја на транзиторен исхемичен напад);
- Конгенитална или стекната предиспозиција за артериска тромбоемболија (хиперхомоцистеинемија и антифосфолипидни антитела);
- Историја на мигрена со фокални невролошки симптоми;
- Висок ризик од артериски тромбоемболизам поради некои ризик-фактори, како дијабетес мелитус со васкуларна деструкција, тешка хипертензија или тешка дислипопротеинемија.
Постоечка или мината тешка хепатална болест
Постоечки или минати хепатални тумори (бенигни или малигни)
Познати или суспектни малигни промени под влијание на половите хормони на ниво на дојките или на гениталиите
Недијагностицирано вагинално крварење
Идиопатска аменореја
Истовремена употреба на антивирусни лекови
- Ембитасвир, паритапревир, ритонавир, дасабувир, глекапревир, пибрентасвир, софосбувир, велпатасвир, воксилапревир.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.