Лесен облик на астма
- Применливо кај пациенти кои имаат повремена потреба од симптоматска бронхидолататорна терапија, на дневна основа.
Умерен облик на астма
- Применливо кај пациенти со нестабилна или влошувачка астма.
Тежок облик на астма
Профилакса на астма кај педијатриски пациенти
Fluticasone претставува кортикостероид од групата на глукокортикоиди кој делува преку механизам на врзување за глукокортикоидните рецептори, со што врши инхибиција на синтезата на проинфламаторните простагландини и инхибиција на активноста на нуклеарниот фактор kappa-B (NF-kB).
Препорачана доза на fluticasone за возрасни пациенти е 100 - 1000 µg, на секои 12 часа (две инхалации дневно).
Лесен облик на астма
- Препорачана доза на fluticasone е 100 µg, на секои 12 часа (две инхалации дневно).
Умерен и тежок облик на астма
- Препорачана доза на fluticasone е 250 - 500 µg, на секои 12 часа (две инхалации дневно.
Педијатриска популација
- Препорачана доза на fluticasone за деца на возраст над 4 години е 50 - 100 µg, на секои 12 часа (две инхалации дневно), до максимална дневна доза од 200 µg.
Нема пријавени случаи на предозирање.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување