Лек: Фликсотиде

  • ATC код:R01AD08
  • Компанија:Европа Лек Фарма ДООЕЛ
  • Доза:125 mcg/доза инхалациска суспензија под притисок
Лесен облик на астма
  • Применливо кај пациенти кои имаат повремена потреба од симптоматска бронхидолататорна терапија, на дневна основа.
Умерен облик на астма
  • Применливо кај пациенти со нестабилна или влошувачка астма. 
Тежок облик на астма
Профилакса на астма кај педијатриски пациенти

Fluticasone претставува кортикостероид од групата на глукокортикоиди кој делува преку механизам на врзување за глукокортикоидните рецептори, со што врши инхибиција на синтезата на проинфламаторните простагландини и инхибиција на активноста на нуклеарниот фактор kappa-B (NF-kB). 

Препорачана доза на fluticasone за возрасни пациенти е 100 - 1000 µg, на секои 12 часа (две инхалации дневно).

Лесен облик на астма
  • Препорачана доза на fluticasone е 100 µg, на секои 12 часа (две инхалации дневно).
Умерен и тежок облик на астма
  • Препорачана доза на fluticasone е 250 - 500 µg, на секои 12 часа (две инхалации дневно.
Педијатриска популација
  • Препорачана доза на fluticasone за деца на возраст над 4 години е 50 - 100 µg, на секои 12 часа (две инхалации дневно), до максимална дневна доза од 200 µg.
  • Хиперсензитивност кон fluticasone.
Ритонавир
  • Истовремената употреба на fluticasone со ритонавир може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на fluticasone.
Кетоконазол
  • Истовремената употреба на fluticasone со кетоконазол може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на fluticasone.

Нема влијание. 

Бременост
  • Не се препорачува употреба на fluticasone за време на бременост.
Доење
  • Не се препорачува доење за време на спроведување на терапија со fluticasonе.

Нема податоци.

Многу чести
  • Кандидијаза во устата и грлото.
Чести
  • Пневмонија (кај пациенти со хронична опструктивна пулмонарна болест), ангиоедем (фацијален едем, орофарингеален едем), засипнатост, дисфонија, контузии.
Многу ретки
  • Артралгија, диспепсија, парадоксален бронхоспазам, анксиозност, нарушување на спиењето, промени во однесувањето, хиперактивност и иритабилност, хипергликемија, Cushing-ов синдром и карактеристики на Cushing-ов синдром, адренална супресија, застој во растот кај деца и адолесценти, намалување на минералната коскена густина, катаракта, глауком, ангиоедем (фацијален едем, орофарингеален едем), респираторни симптоми (диспнеа, бронхоспазам), анафилакса.
Помалку чести
  • Кутани хиперсензитивни реакции.
Ретки
  • Езофагеална кандидијаза.
Непознато
  • Заматен вид, депресија, агресија, епистакса.

Нема пријавени случаи на предозирање. 

Нема влијание. 

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување

ATC код:R01AD08
Генерично име:fluticasone
Латинично име:Fluticasone pressured suspension for inhalation
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:125 mcg/доза инхалациска суспензија под притисок
Производител:Европа Лек Фарма ДООЕЛ
Носител на одобрение:Glaxo Wellcome S.A., Бургос, Шпанија