Лек: Цетиризин

  • ATC код:R06AE07
  • Компанија:РЕПЛЕК ФАРМ ДООЕЛ СКОПЈЕ
  • Доза:1 mg/mL перорален раствор
Олеснување на назалните и окуларните алергиски симптоми
  • Применливо при сезонски и целогодишен алергиски ринитис.
Олеснување на симптомите на хронична идиопатска уртикарија

Cetirizine е селективен антагонист на H1-рецепторите сместени на површината на мастоцитите и базофилите кој делува преку механизам на блокирање на ослободувањето на хистамин посредувано од IgE-антителата. Cetirizine спречува хистаминот да ги активира овие рецептори и да предизвика ефекти како контракција на мазната мускулатура, зголемена пропустливост на васкуларниот ендотел, навлегување на хистидин во базофилите, стимулација на рецепторите за кашлица и стимулација на реакциите на нервниот систем.

Препорачана почетна доза на cetirizine каj возрасни пациенти и адолесценти на возраст над 12 години е 10mg дневно.

Посебни популации
Постари пациенти
  • Не е потребно прилагодување на дозата.
Пациенти со ренално оштетување

Табела 1. Прилагодување на дозата

Група

Креатинин клиренс (mL/min)

Дозирање

Нормална ренална функција

> 80

10mg дневно

Слабо ренално оштетување

50 – 79

10mg дневно

Умерено ренално оштетување

30 – 49

5mg дневно

Тешко ренално оштетување

< 30

5mg на секои 48 часа

Ренална болест во крајна фаза

< 10

Употребата е контраиндицирана

Пациенти на дијализа

/

Пациенти со хепатално оштетување
  • Не е потребно прилагодување на дозата.
Педијатриска популација
  • Педијатриски пациенти на возраст од 2 - 6 години - препорачана доза на cetirizine e 2,5mg на секои 12 часа; 
  • Педијатриски пациенти на возраст од 6 - 12 години - препорачана доза на cetirizine e 5mg на секои 12 часа; 
  • Адолесценти на возраст над 12 години - препорачана доза на cetirizine e 10mg дневно, администрирана како единечна доза (на секои 24 часа); 
  • Педијатриски пациенти со ренално оштетување - потребно е прилагодување на дозата. 
  • Хиперсензитивност кон cetirizine
  • Пациенти со тешко ренално оштетување (креатинин клиренс < 10 mL/min).
Депресанти на CNS и алкохол
  • Истовремената употреба на cetirizine со депресанти на CNS, вклучително и алкохол, може да резултира со дополнително намалување на будноста и нарушување на способноста за реакција.

Нема влијание. 

Бременост
  • Не се препорачува употреба на cetirizine за време на бременост.
Доење
  • Не се препорачува доење за време на спроведување на терапија со cetirizine.

Нема влијание. 

Ретки
  • Тромбоцитопенија, хиперсензитивност, агресија, конфузија, депресија, халуцинации, инсомнија, конвулзии, тахикардија, абнормална хепатална функција (покачени серумски нивоа на хепаталните трансаминази, алкална фосфатаза, y-глутамилтрансфераза), хипербилирубинемија, уртикарија, едем, обезност.
Многу ретки
  • Дисгеузија, дискинезија, дистонија, синкопа, тремор, анафилактичен шок, тикови, нарушена способност за акомодација, заматен вид, окуларна иритација, дисурија, енуреза, уртикарија.
Непознато
  • Зголемен апетит, суицидални идеи, кошмари, амнезија, нарушено памтење, вртоглавица, хепатитис, акутна генерализирана егзантематозна пустулоза, артралгија, уринарна ретенција.
Помалку чести
  • Агитација, парестезија, дијареа, пруритус, осип, астенија, малаксаност.
Многу чести

/

Чести

/

Симптоми
  • Конфузија, дијареа, зашеметеност, замор, главоболка, малаксаност, мидријаза, пруритус, немир, седација, поспаност, ступор, тахикардија, уринарна ретенција.
Третман
  • Гастрична лаважа;
  • Симптоматски и супортивен третман.

Поради можност од појава на поспаност, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:R06AE07
Генерично име:cetirizine
Латинично име:Cetirizine oral solution
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:1 mg/mL перорален раствор
Производител:РЕПЛЕК ФАРМ ДООЕЛ СКОПЈЕ
Носител на одобрение:РЕПЛЕК ФАРМ ДООЕЛ СКОПЈЕ, Скопје, Р. Северна Македонија