Олеснување на назалните и окуларните алергиски симптоми
- Применливо при сезонски и целогодишен алергиски ринитис.
Олеснување на симптомите на хронична идиопатска уртикарија
Cetirizine е селективен антагонист на H1-рецепторите сместени на површината на мастоцитите и базофилите кој делува преку механизам на блокирање на ослободувањето на хистамин посредувано од IgE-антителата. Cetirizine спречува хистаминот да ги активира овие рецептори и да предизвика ефекти како контракција на мазната мускулатура, зголемена пропустливост на васкуларниот ендотел, навлегување на хистидин во базофилите, стимулација на рецепторите за кашлица и стимулација на реакциите на нервниот систем.
Препорачана почетна доза на cetirizine каj возрасни пациенти и адолесценти на возраст над 12 години е 10mg дневно.
Посебни популацииПостари пациенти
- Не е потребно прилагодување на дозата.
Пациенти со ренално оштетувањеТабела 1. Прилагодување на дозата
Група
|
Креатинин клиренс (mL/min)
|
Дозирање
|
Нормална ренална функција
|
> 80
|
10mg дневно
|
Слабо ренално оштетување
|
50 – 79
|
10mg дневно
|
Умерено ренално оштетување
|
30 – 49
|
5mg дневно
|
Тешко ренално оштетување
|
< 30
|
5mg на секои 48 часа
|
Ренална болест во крајна фаза
|
< 10
|
Употребата е контраиндицирана
|
Пациенти на дијализа
|
/
|
Пациенти со хепатално оштетување
- Не е потребно прилагодување на дозата.
Педијатриска популација
- Педијатриски пациенти на возраст од 2 - 6 години - препорачана доза на cetirizine e 2,5mg на секои 12 часа;
- Педијатриски пациенти на возраст од 6 - 12 години - препорачана доза на cetirizine e 5mg на секои 12 часа;
- Адолесценти на возраст над 12 години - препорачана доза на cetirizine e 10mg дневно, администрирана како единечна доза (на секои 24 часа);
- Педијатриски пациенти со ренално оштетување - потребно е прилагодување на дозата.
Поради можност од појава на поспаност, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.