Eдинечен демиелинизирачки настан со активен воспалителен процес
Релапс-ремитентна мултиплекс склероза и два или повеќе релапси во последните две години.
Секундарна прогресивна мултиплекс склероза со активна болест
Interferon β-1b поседува антивирусни и имунорегулаторни активности, а механизмот со кој ги остварува своите активности опфаќа интеракции со специфични клеточни рецептори кои се наоѓаат на површината на хуманите клетки. Врзувањето на Interferon β-1b со овие рецептори ја поттикнува експесијата на голем број на продукти на гените кои се медијатори на биолошки дејства на Interferon β-1b. Interferon β-1b го намалува афинитетот за врзување и ја подобрува интернализацијата и деградацијата на интерферон-гама рецепторот.
Препорачана почетна доза на Interferon β-1b е 250mcg (8 000 000 IU), содржани во 1mL реконституиран раствор, кој се инјектира супкутано секој втор ден.
Педијатриска популација
- Препорачана почетна доза е 62,5mcg (0,25mL), администрирана субкутано секој втор ден;
- Дозата постепено се зголемува до 250 mcg (1,0mL) секој втор ден.
Табела 1. Титрација на дозата
|
Денови на третман
|
Доза
|
Волумен
|
|
1, 3, 5
|
62,5 mcg
|
0,25
|
mL
|
|
7, 9, 11
|
125 mcg
|
0,5
|
mL
|
|
13, 15, 17
|
187,5 mcg
|
0,75
|
mL
|
|
19, 21, 23 и понатаму
|
250 mcg
|
1,0
|
mL
|
Нема клинички значајни интеракции.
Нема пријавени случаи на предозирање.
Се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување