Acetylcysteine е дериват на аминокиселината цистеин, кој делува секретолитички и секретомоторно на ниво на бронхијалните патишта, преку механизам на раскинување на дисулфидните врски помеѓу мукополисахаридните ланци од страна на сулфхидрилните групи на acetylcysteine и деполимеризација на ланците на DNA во пурулентниот мукус. Како резултат на овој механизам, вискозноста на слузта се намалува. Дополнително, acetylcysteine може да ја намали секрецијата на мукусот на ниво на бронхијалните патишта.
10mL перорален раствор acetylcysteine одговара на половина од мерното капаче или на два перорални инјектори.
Acetylcysteine пероралниот раствор се зема по оброк, со помош на перорален инјектор или мерно капаче, што се наоѓаат внатре во пакувањето.
Acetylcysteine пероралниот раствор не се зема подолго од 4 – 5 дена, без совет од лекар.
Посебни популацииВозрасни и адолесценти на возраст над 14 години
- 10mL перорален раствор, 2 – 3 пати дневно, што одговара на 400 - 600mg acetylcysteine на ден.
Деца и адолесценти на возраст од 6 – 14 години
- 10mL перорален раствор, двапати на ден, што одговара на 400mg acetylcysteine на ден.
Деца на возраст од 2 – 5 години
- 5mL перорален раствор, 2 – 3 пати на ден, што одговара на 200 – 300mg acetylcysteine на ден.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.