Лек: АцеЦис

  • ATC код:R05CB01
  • Компанија:ФАРМА ТРЕЈД дооел
  • Доза:200mg прашок за перорален раствор
Mуколитичен адјуванс во третман на респираторни заболувања асоцирани со хиперсекреција на цврст и вискозен мукус

Acetylcysteine е дериват на аминокиселината цистеин, кој делува секретолитички и секретомоторно на ниво на бронхијалните патишта, преку механизам на раскинување на дисулфидните врски помеѓу мукополисахаридните ланци од страна на сулфхидрилните групи на acetylcysteine и деполимеризација на ланците на DNA во пурулентниот мукус. Како резултат на овој механизам, вискозноста на слузта се намалува. Дополнително, acetylcysteine може да ја намали секрецијата на мукусот на ниво на бронхијалните патишта.

Зголемениот внес на течности го зголемува муколитичкиот ефект на acetylcysteine.

Acetylcysteine прашокот за перорален раствор се зема по оброк. Содржината од една кесичка се раствора во доволна количина на врела вода или вода на собна температура и потоа се меша сé до добивање на хомоген раствор.

Посебни популации
Возрасни и адолесценти на возраст над 12 години
  • 200mg (1 кесичка), трипати дневно;
  • Максималната препорачана дневна доза е 600mg acetylcysteine.
  • Хиперсензитивност кон acetylcysteine.
Антитусици
  • Комбинирана употреба на acetylcysteine со антитусици може да резултира со опасна секреторна конгестија поради супресија на рефлексот за кашлање. Употребата на оваа комбинирана терапија мора да биде внимателно индицирана.
Тетрациклин хидрохлорид
  • Тетрациклин хидрохлорид мора да се администрира одвоено од acetylcysteine, најмалку во интервал од 2 часа.
Цефуроксим
  • Аcetylcysteine ја зголемува концентрацијата на цефуроксим во бронхијалните секрети.
Нитроглицерин
  • Истовремената употреба на acetylcysteine и нитроглицерин може да резултира со подобрување на ефектот на вазодилатација и инхибиција на агрегација на тромбоцитите. 

Нема податоци.

Бременост
  • Не се препорачува употреба на acetylcysteine за време на бременост.
Доење
  • Не се препорачува доење за време на спроведување на терапијата со acetylcysteine.

Нема податоци. 

Многу чести

/

Чести

/

Помалку чести
  • Хиперсензитивност, главоболка, тинитус, тахикардија, хипотензија, стоматитис, абдоминална болка, дијареа, наузеа, повраќање, уртикарија, осип, ангиоедем, пруритус, треска.

Ретки
  • Диспнеа, бронхоспазам (кај пациенти со хиперреактивен бронхијален систем, на пример пациенти со бронхијална астма, диспепсија.
Многу ретки
  • Анафилактичен шок, анафилактички / анафилактоидни реакции, крварења.
Непознато
  • Бронхијална опструкција, фацијален едем.
Симптоми
  • Предозирањето со acetylcysteine може да доведе до појава на гастроинтестинални симптоми, како шо се гадење, повраќање и дијареа. Кај мали деца постои ризик од хиперсекреција.
Третман
  • По потреба се спроведува симптоматска терапија.

Нема влијание.

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:R05CB01
Генерично име:acetylcysteine
Латинично име:Acetylcysteine powder for oral solution
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:200mg прашок за перорален раствор
Производител:ФАРМА ТРЕЈД дооел
Носител на одобрение:CHEMAX PHARMA Ltd., Софија, Бугарија