Третман на инфекции на кожата и слузокожата предизвикани од вирусот херпес симплекс
- Вклучувајќи иницијален и рекурентен генитален херпес (со исклучок на неонатални инфекции со вирусот херпес симплекс и тешки инфекции со вирусот херпес симплекс кај имунокомпромитирани деца.
Супресија (превенција на повторно појавување) на рекурентни инфекции со вирусот херпес симплекс кај имунокомпетентни пациенти
Профилакса на инфекции со вирусот херпес симплекс кај имунокомпромитирани пациенти
Лекување на варичела зостер и херпес зостер
Acyclovir е антивирусен лек, инхибитор на DNA-синтезата, кој делува преку механизам на инхибиција на вирусната репликација, интерферирајќи со дејството на DNA-полимеразата. Инхибицијата на синтезата на вирусната DNA се одвива преку механизам кој зависи од интеракцијата со два различни вирусни протеини: HSV-тимидин киназа и DNA-полимераза. Клеточното преземање и почетната фосфорилација се олеснети со помош на вирусната тимидин киназа. Клеточните ензими го конвертираат монофосфатот во ацикловир трифосфат, кој компетитивно ги инхибира вирусните DNA-полимерази. Ацикловир трифосфатот, инкорпориран во вирусната DNA делува како прекинувач на ланецот; прекинатиот примерок на DNA кој содржи acyclovir се врзува со вирусната DNA-полимераза преку механизам наречен суицидна инактивација и доведува до иреверзибилна инактивација.
Acyclovir таблетите може да се проголтаат со вода цели или диспергирани во минимум 50mL вода.
Третман на инфекции предизвикани од вирусот херпес симплекс
- Препорачана доза е 200mg acyclovir, петпати дневно, во 4-часовни интервали, пропуштајќи ја ноќната доза;
- Терапијата треба да трае 5 дена, но кај тешки иницијални инфекции таа може да трае и подолго;
- Кај тешко имунокомпромитирани пациенти (на пр. по трансплантација на коскена срцевина) или кај пациенти со нарушена цревна апсорпција, дозата може да биде 400mg acyclovir, а може да се земе предвид интравенска терапија со acyclovir.
Супресија на инфекции со вирусот херпес симплекс кај имунокомпетентни пациенти
- Препорачана доза е 200mg acyclovir, четирипати дневно, во 6-часовни интервали;
- Применлив е и режим на дозирање со 400mg acyclovir, двапати дневно, во 12-часовни интервали;
- Титрирање на дозата до 200mg acyclovir трипати дневно, во 8-часовни интервали или дури двапати дневно во 12-часовни интервали може да биде ефикасно;
- Терапијата треба да се прекинува периодично во интервали од 6 – 12 месеци, со цел да се забележат можните промени во природниот тек на болеста.
Профилакса на инфекции со вирусот херпес симплекс кај имунокомпромитирани пациенти
- Препорачана доза е 200mg acyclovir, четирипати дневно, во 6-часовни интервали;
- Кај тешко имунокомпромитирани пациенти (на пр. по трансплантација на коскена срцевина) или кај пациенти со нарушена цревна апсорпција, дозата може да биде 400mg acyclovir, а може да се земе предвид интравенска терапија со acyclovir.
Третман на варичела зостер и херпес зостер
- Препорачана доза е 800mg acyclovir петпати дневно, во 4-часовни интервали, пропуштајќи ја ноќната доза;
- Терапијата треба да трае 7 дена;
- Кај тешко имунокомпромитирани пациенти (на пр. по трансплантација на коскена срцевина) или кај пациенти со нарушена цревна апсорпција, треба да се земе предвид интравенска терапија со acyclovir.
Дозирање кај деца Терапија на инфекции предизвикани од вирусот херпес симплекс и профилакса на инфекции со ворусот херпес симплекс кај имунокомпромитирани деца
- Кај деца на возраст од 2 години и постари се даваат истите дози како за возрасни;
- Кај деца на возраст под 2 години се дава половина од дозата за возрасни.
Терапија на варичела зостер
- Деца на возраст од 6 години и постари – 800mg acyclovir, четирипати дневно;
- Деца на возраст од 2 – 5 години – 400mg acyclovir, четирипати дневно;
- Деца на возраст под 2 години – 200mg acyclovir, четирипати дневно;
- Терапијата треба да трае 5 дена;
- Нема специфични податоци за супресија на инфекции со вирусот херпес симплекс или херпес зостер кај имунокомпетентни деца.
Посебни популацииПостари пациенти
- Треба да се земе предвид можноста за ренално оптетување кај постарите лица и притоа дозата да се прилагоди соодветно.
Пациенти со ренално оштетување
- Препорачливо е прилагодување на дозата и одржување на адекватна хидратација;
- Кај пациенти со тешко ренално оштетување (креатинин клиренс < 10mL/min) се препорачува прилагодување на дозата на 200mg acyclovir, двапати дневно, односно во 12-часовни интервали;
- При терапија на инфекции предизвикани од вирусот херпес зостер се препорачува прилагодување на дозата на 800mg acyclovir, двапати дневно, во 12-часовни интервали кај пациенти со тешко ренално оштетување (креатинин клиренс < 10mL/min) и на 800mg acyclovir, трипати дневно, на 8 часа кај пациенти со умерено ренално оштетување (креатинин клиренс од 10 – 25mL/min).
Пациенти со хепатално оштетување
Acyclovir може да предизвика несакани дејства, како што се сонливост и зашеметеност, поради што се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.