Третман на инфекции предизвикани од херпес симплекс вирус кај имуносупресивни пациенти
- Применливо во третман на почетни и рекурентни кожни и мукозни инфекции предизвикани од херпес симплекс вируси (HSV1 и HSV2) кај имунокомпромитирани и имуносупресирани пациенти.
Третман на почетна инфекција на генитален херпес
- Применливо во третман на тешка почетна фаза на генитален херпес кај пациенти кои не се имунокомпромитирани.
Третман на херпес симплекс енцефалитис
Третман на неонатална инфекција на херпес симплекс вирус
Третман на инфекции на варичела зостер кај имуносупресивни пациенти
Acyclovir е антивирусен лек, инхибитор на DNA-синтезата, кој делува преку механизам на инхибиција на вирусната репликација, интерферирајќи со дејството на DNA-полимеразата. Инхибицијата на синтезата на вирусната DNA се одвива преку механизам кој зависи од интеракцијата со два различни вирусни протеини: HSV-тимидин киназа и DNA-полимераза. Клеточното преземање и почетната фосфорилација се олеснети со помош на вирусната тимидин киназа. Клеточните ензими го конвертираат монофосфатот во ацикловир трифосфат, кој компетитивно ги инхибира вирусните DNA-полимерази. Ацикловир трифосфатот, инкорпориран во вирусната DNA делува како прекинувач на ланецот; прекинатиот примерок на DNA кој содржи acyclovir се врзува со вирусната DNA-полимераза преку механизам наречен суицидна инактивација и доведува до иреверзибилна инактивација.
Потребната доза на acyclovir треба да се администрира како бавна интравенска инфузија, во текот на еден час.
Возрасни пациенти
- Пациенти со херпес симплекс (освен херпес енцефалитис) или инфекции на варичела зостер – препорачана доза на acyclovir е 5mg/kg телесна тежина на секои 8 часа, доколку не е нарушена реналната функција;
- Имуносупресирани пациенти со инфекција на варичела зостер – препорачана доза на acyclovir е 10mg/kg телесна тежина на секои 8 часа , доколку не е нарушена реналната функција;
- Пациенти со херпес енцефалитис – препорачана доза на acyclovir е 10mg/kg телесна тежина на секои 8 часа, доколку не е нарушена реналната функција;
- Лекувањето со acyclovir инфузиите вообичаено трае 5 дена, но периодот на спроведување на терапијата може да се прилагоди врз основа на состојбата на пациентот и одговорот на пациентот кон терапијата. Третманот на херпес енцефалитис вообичаено трае 10 дена, додека третманот на неонатални херпесни инфекции вообичаено трае 14 – 21 ден;
- Профилакса на инфекции на цитомегаловирус кај приматели на трансплантирана коскена срцевина, дозата на acyclovir од 500mg/m2 треба да се дава интравенски, трипати дневно, на 8-часовни интервали. Времетраењето на третманот што се препорачува кај пациенти со трансплантирана коскена срцевина е од 5 дена пред, до 30 дена по трансплантацијата.
Посебни популацииПовозрасни пациенти
- Препорачливо е прилагодување на дозата, особено кај пациенти со намален креатинин клиренс.
Педијатриска популацијаТретман на инфекција на херпес симплекс (освен херпес енцефалитис)
Третман на херпес енцефалитис
- Препорачана доза на acyclovir е 500mg/m2 телесна површина на секои 8 часа. Кај деца со нарушена ренална функција, препорачливо е прилагодување на дозата во зависност од степенот на реналното нарушување.
Профилакса на инфекција со херпес симплекс кај имуносупресирани деца и новороденчиња на возраст од 3 месеци – 12 години
- Препорачана доза на acyclovir е 250mg/m2 телесна површина на секои 8 часа, под услов децата и новороденчињата на возраст од 3 месеци до 12 години да немаат ренална дисфункција.
Третман на инфекции на варичела зостер кај деца и новороденчиња на возраст од 3 месеци – 12 години
- Препорачана доза на acyclovir е 250mg/m2 телесна површина на секои 8 часа, под услов децата и новороденчињата на возраст од 3 месеци до 12 години да немаат ренална дисфункција.
Имунокомпромитирани деца со инфекции на варичела зостер
- Препорачана доза на acyclovir е 500mg/m2 телесна површина на секои 8 часа. Кај деца со нарушена ренална функција, препорачливо е прилагодување на дозата во зависност од степенот на реналното нарушување.
Профилакса кај деца со инфекции на цитомегаловирус
- Може да се администрира доза за возрасни.
Новороденчиња
- Препорачана доза на acyclovir за третман на познати или сомнителни неонатални херпес симплекс инфекции е 20mg/kg телесна тежина, на секои 8 часа. Дозата на acyclovir од 20mg/kg телесна тежина треба да се дава во период од 21 ден (за дисеминиран херпес и херпес на ниво на CNS), односно во период од 14 дена (за заболувања ограничени на кожата и мукозните мембрани).
Пациенти со ренално оштетувањеПрепорачливо е прилагодување на дозата на acyclovir кај пациенти со нарушена ренална функција (Табела 1., 2., 3., 4.).
Табела 1. Прилагодување на дозата на интравенски acyclovir кај возрасни пациенти и адолесценти со инфекции на херпес симплекс и нарушена ренална функција
Креатинин клиренс
|
Доза
|
25 – 50 mL/min
|
5 или 10 mg/kg, на секои 12 часа
|
10 – 25 mL/min
|
5 или 10 mg/kg, на секои 24 часа
|
0 (анурични) – 10 mL/min
|
Препорачаната доза од 5 или 10 mg/kg треба да се намали на половина и да се администрира на секои 24 часа
|
Пациенти кои примаат хемодијализа
|
Препорачаната доза од 5 или 10 mg/kg треба да се намали на половина и да се администрира на секои 24 часа по дијализата
|
Табела 2. Прилагодување на дозата на интравенски acyclovir кај новороденчиња, доенчиња и деца со инфекции на херпес симплекс и нарушена ренална функција
Креатинин клиренс
|
Доза
|
25 – 50 mL/min / 1,73m2
|
20 mg/kg или 250 или 500 mg/m2 , на секои 12 часа
|
10 – 25 mL/min / 1,73m2
|
20 mg/kg или 250 или 500 mg/m2 , на секои 24 часа
|
0 (анурични) – 10 mL/min / 1,73m2
|
Препорачаната доза од 20 mg/kg или 250 или 500 mg/m2 , да се намали на половина и да се администрира на секои 24 часа
|
Пациенти кои примаат хемодијализа
|
Препорачаната доза од 20 mg/kg или 250 или 500 mg/m2 , да се намали на половина и да се администрира на секои 24 часа по дијализата
|
Табела 3. Прилагодување на дозата на интравенски acyclovir кај возрасни и адолесценти со инфекции на цитомегаловирус и нарушена ренална функција
Креатинин клиренс
|
Доза
|
25 – 50 mL/min
|
500 mg/m2 на секои 12 часа
|
10 – 25 mL/min
|
500 mg/m2 на секои 24 часа
|
0 (анурични) – 10 mL/min
|
Препорачаната доза од 500 mg/m2 треба да се намали на половина и да се администрира на секои 24 часа
|
Пациенти кои примаат хемодијализа
|
Препорачаната доза од 500 mg/m2 треба да се намали на половина и да се администрира на секои 24 часа по дијализата
|
Табела 4. Прилагодување на дозата на интравенски acyclovir кај новороденчиња, доенчиња и деца со инфекции на цитомегаловирус и нарушена ренална функција
Креатинин клиренс
|
Доза
|
25 – 50 mL/min / 1,73m2
|
500 mg/m2 на секои 12 часа
|
10 – 25 mL/min / 1,73m2
|
500 mg/m2 на секои 24 часа
|
0 (анурични) – 10 mL/min / 1,73m2
|
Препорачаната доза од 500 mg/m2 да се намали на половина и да се администрира на секои 24 часа
|
Пациенти кои примаат хемодијализа
|
Препорачаната доза од 500 mg/m2 да се намали на половина и да се администрира на секои 24 часа по дијализата
|
Пациенти со хепатално оштетување
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.