Лек: Aдозин

  • ATC код:C01EB10
  • Компанија:РИФАМ доо
  • Доза:3mg/mL раствор за инјектирање
Брза конверзија до нормален синус ритам при пароксизомални суправентрикуларни тахикардии, вклучувајќи ги и оние асоцирани со дополнителни заобиколувачки патишта (Wolf-Parkinson-White Syndrome)
Брза конверзија до нормален синус ритам при пароксизомална суправентрикуларна тахикардија кај деца на возраст од 0 – 18 години
Дијагностика на суправентрикуларни тахикардии со широк или тесен комплекс
  • Иако adenosine не го конвертира атријалниот флатер, атријалната фибрилација или вентрикуларната тахикардија до синусен ритам, успорувањето на АV-спроведувањето помага во дијагноза на атријалната активност.
Сензибилизација на интра-кавитарни електрофизиолошки испитувања

Adenosine претставува ендоген нуклеозид со периферен вазодилататорен / антиаритмичен ефект. Со негово врзување за сродните аденозински рецептори A1 и A2, adenosine ја намалува кондуктивноста преку атрио-вентрикуларниот јазол, што настанува преку механизам на индукција на ефлукс на калиумови јони и инхибиција на инфлукс на калциумови јони низ јонските канали. Инхибицијата на инфлуксот на калциумовите јони резултира со редукција на активноста на аденилат циклазата, со што настанува релаксација на васкуларната мазна мускулатура, а тоа резултира со олеснување на крвниот проток низ коронарните крвни садови. Администриран интравенски, adenosine го успорува спроведувањето на импулсите преку АV-јазолот; ова дејство може да ги наруши циклусите на повторно надразнување и да обезбеди враќање на нормален синус-ритам кај пациенти со пароксизомална суправентрикуларна тахикардија.

Adenosine растворот за инјектирање е наменет исклучително за болничка употреба, само во присуство на опрема за набљудување и кардио-респираторна реанимација, достапна за непосредна употреба.

Лекот треба да се администрира како брза интравенска болус инјекција, според распоредот на растечката доза. Доколку се даде во облик на I.V. линија, треба да се инјектира што е можно поблизу и да биде проследено со брзо солено испирање. Доколку се администрира преку периферна вена, треба да се користи голема канила.

Возрасни пациенти
  • Почетна доза – 3mg adenosine, дадени како брза интравенска болус инјекција (околу 2 секунди);
  • Втора доза – доколку почетната доза не ја елиминира суправентрикуларната тахикардија во рок од 1 – 2 минути, треба да се дадат 6mg како брз интравенски болус;
  • Трета доза – доколку втората доза не резултира со елиминација на суправентрикуларната тахикардија во рок од 1 – 2 минути, треба да се дадат 12mg во облик на брз интравенски болус.
Педијатриска популација
  • Прв болус – 0,1mg/kg телесна тежина (максимална доза од 6mg);
  • Зголемување од 0,1mg/kg телесна тежина колку што е потребно, сé додека не се постигне прекинување на суправентрикуларната тахикардија (до максимална доза од 12mg).
Дијагностичка примена
  • Гореспоменатиот распоред за зголемување на дозата треба да се користи сé додека не се добијат доволно дијагностички информации.
  • Хиперсензитивност кон adenosine;
  • Синдром на болен синусен јазол, втор или трет степен на атрио-вентрикуларен блок (освен кај пациенти со функционален вештачки пејсмејкер);
  • Хронична опструктивна белодробна болест со доказ за бронхоспазам (на пр. бронхијална астма);
  • Синдром на долг QT-интервал;
  • Тешка хипотензија;
  • Декомпензирана состојба на срцева слабост.
Дипиридамол
  • Дипиридамолот го инхибира клеточното преземање и метаболизам на adenosine и го потенцира неговото дејство.
Ксантини (аминофилин, теофилин)
  • Аминофилин, теофилин и другите ксантини се компетитивни аденозински антагонисти и треба да се избегнуваат 24 часа пред примената на adenosine.

Нема податоци. 

Бременост
  • Не се препорачува употреба на adenosine за време на бременост.
Доење
  • Не се препорачува доење за време на спроведување на третманот со adenosine.

Нема податоци.

Многу чести
  • Брадикардија, синусна пауза, прескокнувања, атријални екстрасистоли, атрио-вентрикуларен блок, нарушување на вентрикуларната ексцитабилност (вентрикуларни екстрасистоли), не-одржлива вентрикуларна тахикардија, наплив на црвенило, диспнеа (потреба за длабоко вдишување), градна болка или притисок, чувство на стегање во градите.
Чести
  • Главоболка, вртоглавица, слабост, парестезија, гадење, нервоза.
Помалку чести
  • Синусна тахикардија, палпитации, притисок во главата, заматен вид, хипервентилација, метален вкус во устата, потење, чувство на непријатност во нозете, рацете или грбот, чувство на општа непријатност, слабост / болка.
Ретки

/

Многу ретки
  • Атријална фибрилација, тешка брадикардија која не се коригира со атропин и можна потреба од привремен пејсинг, нарушување на вентрикуларната ексцитабилност, вклучително и вентрикуларна фибрилација “torsade de pointes”, транзиторно и спонтано брзо и реверзибилно влошување на интракранијалната хипертензија, бронхоспазам, реакции на местото на инјектирање.
Непознато
  • Анафилактичка реакција (вклучително и ангиоедем и кожни реакции, како уртикарија и осип), асистоли / срцев застој, хипотензија, губиток на свест (синкопа), конвулзии (особено кај предиспонирани пациенти), респираторна слабост, апнеа / застој на дишењето, повраќање.
Симптоми
  • Тешка хипотензија, брадикардија или асистола.
Третман
  • Интравенска администрација на аминофилин или теофилин.

Нема податоци. 

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:C01EB10
Генерично име:adenosine
Латинично име:Adenosine solution for injection
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:3mg/mL раствор за инјектирање
Производител:РИФАМ доо
Носител на одобрение:VEM Ilac San.ve Tic A.S. , Текирдаг, Турција

Поврзани лекови