Adalimumab претставува имуносупресивен агенс, кој специфично се врзува со тумор-некротизирачкиот фактор (TNF) и ја неутрализира биолошката функција на TNF така што ја блокира неговата интеракција со рецепторите р55 и р75 на TNF на клеточната површина. Adalimumab исто така ги модулира биолошките одговори кои се поттикнати или регулирани од страна на TNF, што ги вклучува и промените на нивоата на атхезивните молекули одговорни за миграција на леукоцитите (ELAM-1, VCAM-1 и ICAM-1 со IC50 од 0,1 – 0,2 nМ).
Нема клинички значајни интеракции.
Жените на репродуктивна возраст треба да пристапат кон употреба на соодветна контрацепција, со цел спречување бременост и да продолжат да ја применуваат најмалку 5 месеци по прекинот на третманот со adalimumab.
Поради можност од појава на вртоглавица и нарушување на видот, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.