Лек: Бетасерк

  • ATC код:N07CA01
  • Компанија:МАКЕДОНИЈАЛЕК доо
  • Доза:24mg таблети (20 таблети (блистер 1x20)/ кутија)
Вертиго, тинитус и губиток на слух поврзани со Мениеров синдром
  • Betahistine претставува агонист на хистаминергичните Н1-рецептори сместени во внатрешното уво; со активација на овие рецептори доаѓа до манифестација на вазодилататорен ефект кој предизвикува зголемување на пропустливоста на крвните садови и намалување на ендолимфатичниот притисок, со што се спречува руптура на лабиринтот и се спречува манифестација на вертиго. Дополнително betahistine покажува антагонистички ефект врз хистаминергичните Н3-рецептори, што резултира со зголемување на нивоата на невротрансмитерите како што е серотонинот и со тоа се постигнува супресија на симптомите на вертиго.

Препорачана почетна доза на betahistine е 24 - 48 mg дневно, администрирана за време на оброк.

Посебни популации
Постари пациенти
  • Не е потребно прилагодување на дозата.
Пациенти со ренално оштетување
  • Не е потребно прилагодување на дозата. 
Пациенти со хепатално оштетување
  • Не е потребно прилагодување на дозата. 
Педијатриска популација
  • Нема податоци.
  • Хиперсензитивност кон betahistine
  • Феохромоцитом. 
МАО-инхибитори
  • Истовремената употреба на betahistine со МАО-инхибитори може да резултира со инхибиција на активноста на betahistine.

Нема податоци.

Бременост
  • Не се препорачува употреба на betahistine за време на бременост. 
Доење
  • Не се препорачува доење за време на спроведување на терапија со betahistine.

Нема податоци.

Чести
  • Наузеа, диспепсија, главоболка.
Непознато
  • Реакции на хиперсензитивност (на пр: анафилакса), благи абдоминални нарушувања (вомитус, гастроинтестинална болка и флатуленција), реакции на хиперсензитивност на коожата и поткожно ткиво, особено ангионевротски едем, уртикарија, осип и јадеж.
Многу чести

/

Помалку чести

/

Ретки

/

Многу ретки

/

Симптоми
  • Наузеа, сомноленција, абдоминална болка, конвулзии, белодробни или срцеви компликации. 
Третман
  • Симптоматски и супортивен третман.

Поради можност од појава на вертиго, тинитус и губење на слухот, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:N07CA01
Генерично име:betahistine
Латинично име:Betahistine tablets
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:24mg таблети (20 таблети (блистер 1x20)/ кутија)
Производител:МАКЕДОНИЈАЛЕК доо
Носител на одобрение:Mylan Laboratories SAS, Шатилон-сур-Шаларон, Франција