Лек: Белогент

  • ATC код:D07CC01
  • Компанија:БЕЛУПО дооел
  • Доза:(0,5 mg/1 mg)/1 g крем
Ублажување на инфламаторни манифестации на дерматози
Betamethasone
  • Betamethasone претставува глукокортикоид кој дејствува преку механизам на врзување за гликокортикоидните рецептори, со што доаѓа до активација на овие рецептори и иницирање на синтеза на протективни антиинфламаторни простагландини, како што се фосфоенолпируват карбоксикиназа, IL-1-рецепторен антагонист и тирозин аминотрансфераза. Дополнително, betamethasone врши инхибиција на неутрофилната апоптоза и демаргинација, како и инхибиција на нуклеарниот фактор kappa-B и други проинфламаторни фактори на транскрипција.
Gentamicin
  • Gentamicin претставува аминогликозиден антибиотик кој го манифестира своето дејство така што најпрво јонизираниот облик на лекот електростатски се врзува за негативно-наелектризираните компоненти на површината на бактериската клеточна мембрана (вклучително липополисахариди и фосфолипиди), со што се зголемува пропустливоста на бактериската клеточна мембрана и се олеснува навлегувањето на лекот во бактериската клетка. Понатаму, gentamicin се врзува за 16Ѕ rRNA на 30Ѕ рибозомската субединица, што резултира со погрешна транслација на протеините и дисрупција на цитоплазматската мембрана. Со ова се постигнува бактерициден ефект врз аеробните бактерии.

Betamethasone, gentamicin се администрира еднаш до двапати дневно, на засегнатата анатомска регија. 

Лекувањето кај возрасни не смее да биде подолго од 7 до 10 дена, а кај деца 5-7 дена.

Посебни популации
Постари пациенти
  • Нема податоци.
Пациенти со ренално оштетување
  • Нема податоци.
Пациенти со хепатално оштетување
  • Нема податоци.
Педијатриска популација
  • Употребата на betamethasone, gentamicin не смее да трае подолго од 5 - 7 дена.
  • Хиперсензитивност кон betamethasone
  • Хиперсензитивност кон gentamicin
  • Бременост; 
  • Вирусни инфекции, вклучително и реакции на вакцини и сипаници, кожни форми на туберкулоза, сифилис, вирусни инфекции на кожата (херпес симплекс, херпес зостер); 
  • Розацеа и розацеа-сличен дерматитис; 
  • Дерматомикоза; 
  • Офталмолошки болести; 
  • Истовремена системска администрација на аминогликозиди: 
  • Тешка ренална инсуфициенција; 
  • Педијатриски пациенти на возраст под 1 година; 
  • Апликација во уво, око и на слузници; 
  • Апликација под оклузивни завои; 
  • Истовремена употреба со амфотерицин В, хепарин, сулфадиазин и цефалоспорини.
Други дерматолошки лекови
  • Истовремената употреба на betamethasone, gentamicin со други дерматолошки препарати може да резултира со намалување на дејството на betamethasone, gentamicin

Нема податоци.

Бременост
  • Употребата на betamethasone, gentamicin за време на бременост е контраиндицирана. 
Доење
  • Не се препорачува доење за време на спроведување на терапија со betamethasone, gentamicin

Нема податоци за влијанието на локално применетите кортикостероиди и гентамицин врз плодноста кај луѓето.

Непознато
  • Печење, јадеж, иритација, сува кожа, фоликулитис, хипертрихоза, стероидни акни, акнеиформни ерупции, хипопигментација, телеангиектази, дерматитис сличен на розацеа (периорален), алергиски контактен дерматитис, мацерација на кожа, атрофија и стрии на кожа, мијалгија, секундарна инфекција на кожа, заматен вид.
Многу чести

/

Чести

/

Помалку чести

/

Ретки

/

Многу ретки

/

Симптоми
  • Супресија на оската хипоталамус-хипофиза-адренална жлезда со последична секундарна адренокортикална инсуфициенција, Cushing-ов синдром, колонизација на раната со габички или резистентни причинители.
Третман
  • Симптоматски и супортивен третман. 

Нема влијание.

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:D07CC01
Генерично име:betamethasone, gentamicin
Латинично име:Betamethasone, gentamicin cream
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:(0,5 mg/1 mg)/1 g крем
Производител:БЕЛУПО дооел
Носител на одобрение:BELUPO lijekovi i kozmetika d.d., Копривница, Хрватска