Лек: Витамин Ц

  • ATC код:A11GA01
  • Компанија:ГАЛЕНИКА а.д. претставништво
  • Доза:500mg / 5mL раствор за инјектирање (25 ампули х 5 ml/кутија)
Превенција и третман на хиповитаминоза С и скорбут
Состојби при кои е зголемена потребата од витамин С
  • Хиперпирексија, инфективни состојби, состојби на хируршки третмани, склоност кон крварење, метхемоглобинемија, хемодијализа, сидеропенична анемија, неоплазми, рани и изгореници кои бавно заздравуваат, еднолична исхрана, замор и диетална исхрана сиромашна со витамин С.

Ascorbic acid или витамин С претставува хидросолубилен витамин кој кога се внесува егзогено се однесува како кофактор во формулацијата на 4-хидроксипролин со цел да придонесе во создавањето на колагенот и во обновувањето на ткивата. Ascorbic acid е вклучена во метаболизмот на тирозин, конверзијата на фолната киселина во фолинска киселина, метаболизмот на јаглехидратите, синтезата на липидите и протеините, метаболизмот на железо, резистентноста кон различни инфекции и процесите на клеточно дишење.

Третман на скорбут
  • Препорачана доза на ascorbic acid за возрасни пациенти е 500 - 1000 mg дневно, администрирана во облик на интравенска, интрамускулна или супкутана инјекција.
Превентивна терапија
  • Препорачана доза на ascorbic acid за возрасни пациенти е 200 - 500 mg дневно, администрирана во облик на интравенска, интрамускулна или супкутана инјекција.
Педијатриска популација
Терапевтски цели
  • Препорачана доза на ascorbic acid за педијатриски пациенти е 100 - 300 mg дневно, администрирана во облик на интравенска, интрамускулна или супкутана инјекција.
Превентивни цели
  • Препорачана доза на ascorbic acid за педијатриски пациенти е 30mg дневно, администрирана во облик на интравенска, интрамускулна или супкутана инјекција.
  • Хиперсензитивност кон ascorbic acid
  • Хипероксалурија.
Лекови кои предизвикуваат десатурација на ткивата со ascorbic acid
  • Не се препорачува истовремена употреба на ascorbic acid со лекови кои предизвикуваат десатурација на ткивата со ascorbic acid - такви лекови се: аспирин, железо, фенитоин, некои антиконвулзиви, естрогени, тетрациклини, никотин (кој потекнува од цигарите) и алкохол.
Аспирин
  • Истовремената употреба на ascorbic acid со аспирин може да резултира со намалување на апсорпцијата на ascorbic acid.
Oрални контрацептиви
  • Истовремената употреба на ascorbic acid со орални контрацептиви може да резултира со намалување на плазматската концентрација на ascorbic acid.
Лекови со кисел карактер
  • Истовремената употреба на ascorbic acid со кисели лекови може да резултира со зголемена ренална тубуларна реапсорпција на киселите лекови поради тоа што ascorbic acid ја намалува рН-вредноста на урината.
Орални антикоагуланси
  • Истоврмената употреба на ascorbic acid со орални антикоагуланси (варфарин) може да резултира со намалување на апсорпцијата на оралните антикоагуланси.
Флуфеназин
  • Истоврмената употреба на ascorbic acid со флуфеназин може да резултира со намалување на плазматската концентрација на флуфеназин.
Дефероксамин
  • Истоврмената употреба на ascorbic acid со дефероксамин може да резултира со потенцирање на токсичните ефекти на железото, особено на кардијално ниво.

Нема влијание. 

Бременост
  • Ascorbic acid може да се употребува за време на бременост, но не во дози поголеми од 1000mg дневно.
Доење
  • Ascorbic acid може да се употребува за време на доење.

Нема влијание.

  • Гастроинтестинални нарушувања (дијареа), хипероксалурија, создавање на ренални оксалатни калкули во урината.
Симптоми
  • Гастроинтестинални нарушувања (дијареа), хипероксалурија, создавање на ренални оксалатни калкули во урината.
Третман
  • Симптоматски и супортивен третман.

Нема влијание.

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување

ATC код:A11GA01
Генерично име:ascorbic acid
Латинично име:Ascorbic acid solution for injection
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:500mg / 5mL раствор за инјектирање (25 ампули х 5 ml/кутија)
Производител:ГАЛЕНИКА а.д. претставништво
Носител на одобрение:GALENIKA AD, Белград, Србија
aluminum carbonate
Умерена
aluminum hydroxide
Умерена
amphetamine
Умерена
benzphetamine
Умерена
bortezomib
Умерена
deferoxamine
Умерена
dextroamphetamine
Умерена
dihydroxyaluminum sodium carbonate
Умерена
lisdexamfetamine
Умерена
methamphetamine
Умерена
sucralfate
Умерена