Артериска хипертензија
Хронична стабилна ангина пекторис
Вазоспастична (Prinzmetal's) ангина пекторис
Amlodipine претставува периферен артериски вазодилататор, блокатор на калциумови канали од групата на 1,4-дихидропиридини, кој делува директно на васкуларната мазна мускулатура, преку механизам на инхибиција на инфлукс на калциумовите јони во клетките на васкуларната мускулатура и кардијалната мускулатура, врзувајќи се за дихидропиридинските и не-дихидропиридинските резидуи на клеточните мембрани.
Препорачана почетна доза на amlodipine e 5mg дневно, со можност за зголемување на дозата до 10mg дневно.
Посебни популацииПостари пациенти
- Потребно е прилагодување на дозата.
Пациенти со хепатално оштетување
- Се препорачува администрација на најниската почетна доза на amlodipine.
Пациенти со ренално оштетување
- Не е потребно прилагодување на дозата.
Педијатриска популацијаХипертензија
- Препорачана почетна доза на amlodipine за третман на хипертензија кај деца и адолесценти на возраст од 6 до 17 години е 2,5mg дневно, со понатамошно титрирање на дозата до 5mg дневно.
Поради можност од појава на вртоглавица, главоболка, замор или наузеа, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.