Лек: Бенипин

  • ATC код:C08CA15
  • Компанија:РИФАМ доо
  • Доза:8mg таблети
Хипертензија
Ренална паренхимска хипертензија
Ангина пекторис

Benidipine претставува долго-делувачки блокатор на калциумовите канали од групата на 1,4-дихидропиридини, кој врши инхибиција на калциумовите канали од тип L-, N- и T-тип и покажува висок афинитет кон дихидропиридинскиот домен на клеточната мембрана на клетките од периферната васкулатура. Со блокирање на калциумовите канали се спречува инфлукс на калциумови јони, со што се промовира вазодилататорен ефект.

Хипертензија и ренална паренхимска хипертензија
  • Препорачана доза на benidipine e 2 - 4 mg дневно, администрирана по појадокот; 
  • Во случај на тешка хипертензија, се препорачува администрирање на доза од 4 - 8 mg benidipine дневно.
Ангина пекторис
  • Препорачана доза на benidipine e 4mg на секои 12 часа, по појадок и по вечера.
  • Хиперсензитивност кон benidipine
  • Пациенти со кардиоген шок; 
  • Бременост и доење; 
  • Интолеранција кон галактоза.
Антихипертензиви
  • Истовремената употреба на benidipine со други антихипертензивни лекови може да резултира со појава на адитивен антихипертензивен ефект.
Дигоксин
  • Истовремената употреба на benidipine со дигоксин може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на дигоксин.
Циметидин
  • Истовремената употреба на benidipine со циметидин може да резултира со манифестација на засилен хипотензивен ефект.
Рифампицин
  • Истовремената употреба на benidipine со рифампицин може да резултира со намалување на плазматската концентрација на benidipine.
Сок од грејпфрут
  • Истовремената употреба на benidipine со сок од грејпфрут може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на benidipine.
Бременост
  • Не се препорачува употреба на benidipine за време на бременост.
Доење
  • Не се препорачува доење за време на спроведување на терапија со benidipine.

Нема податоци.

Многу чести

/

Чести
  • Палпитации, црвенило на лицето, напливи на топлина, црвенило, хипотензија, главоболка, вртоглавица, замаеност, ортостатска хипотензија, покачување на серумските нивоа на BUN, покачување на серумските нивоа на креатинин, леукопенија, еозинофилија, опстипација, фацијален едем, едем на екстремитетите, замор, покачени серумски нивоа на креатин фосфокиназа.
Помалку чести
  • Чувство на притисок во градите, брадикардија, тахикардија, инсомнија, нечувствителност, нарушување на видот, полакиурија, абдоминална непријатност, наузеа, чувство на печење во грлото, полидипсија, тинитус, црвенило и чувство на топлина во прстите, стегнатост во рамото, кашлица.
Ретки

/

Многу ретки

/

Непознато
  • Екстрасистоли, забележително црвенило на лицето, чувство на топлина, конјунктивална хиперемија, заматен вид, вомитус, дијареја, едем на гингивите, прекумерно потење.

Нема податоци.

Се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:C08CA15
Генерично име:benidipine
Латинично име:Benidipine tablets
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:8mg таблети
Производител:РИФАМ доо
Носител на одобрение:DEVA HOLDING A.S., Текирдаг, Турција