Лек: Вианас

  • ATC код:C09DB01
  • Компанија:БЕЛУПО дооел
  • Доза:5mg / 160mg филм-обложени таблети
Eсенцијална хипертензија.
Amlodipine
  • Amlodipine претставува периферен артериски вазодилататор, блокатор на калциумови канали од групата на 1,4-дихидропиридини, кој делува директно на васкуларната мазна мускулатура, преку механизам на инхибиција на инфлукс на калциумовите јони во клетките на васкуларната мускулатура и кардијалната мускулатура, врзувајќи се за дихидропиридинските и не-дихидропиридинските резидуи на клеточните мембрани. 
Valsartan
  • Valsartan е потентен и специфичен антагонист на рецепторите за ангиотензин II. Тој се врзува селективно за поттипот АТ1 рецептори, кои се одговорни за познатите дејства на ангиотензинот II; со спречување на врзувањето на ангиотензинот II за АТ1 рецепторите, се спречува манифестација на неговиот хипертензивен ефект, односно се спречува вазоконстрикција, синтеза на алдостерон, кардијална стимулација и ренална апсорпција на натриумови јони. Со тоа, доаѓа до намалување на крвниот притисок, намалување на серумските нивоа на алдостерон, намалување на срцевата активност и зголемена екскреција на натриумови јони од организмот. 

Препорачаната доза на amlodipine, valsartan е една таблета дневно.

Доза на amlodpine, valsartan од 5mg / 80mg се администрира кај пациенти чиј крвен притисок не е соодветно контролиран со доза на amlodipine од 5mg или доза на valsartan од 80mg, администрирани поединечно.

Доза на amlodpine, valsartan од 5mg / 160mg се администрира кај пациенти чиј крвен притисок не е соодветно контролиран со доза на amlodipine од 5mg или доза на valsartan од 160mg, администрирани поединечно.

Доза на amlodpine, valsartan од 10mg / 160mg се администрира кај пациенти чиј крвен притисок не е соодветно контролиран со доза на amlodipine од 10mg или доза на valsartan од 160mg, администрирани поединечно.

Посебни популации
Пациенти со ренално оштетување
  • Не се препорачува употреба на amlodipine, valsartan кај пациенти со тешко ренално оштетување (креатинин клиренс < 30 mL/min); 
  • Не е потребно прилагодување на дозата кај пациенти со лесно до умерено ренално оштетување. 
Постари пациенти
  • Потребно е прилагодување на дозата.
Педијатриска популација
  • Не се препорачува употреба на amlodipine, valsartan кај педијатриски пациенти под 18-годишна возраст.
Пациенти со хепатално оштетување
  • Не се препорачува употреба на amlodipine, valsartan кај пациенти со тешко хепатално оштетување; 
  • Не е потребно прилагодување на дозата кај пациенти со лесно до умерено хепатално оштетување. 
  • Хиперсензитивност кон amlodipine
  • Хиперсензитивност кон valsartan
  • Тешко хепатално оштетување, билијарна цироза или холестаза; 
  • Истовремена употреба на препарати кои содржат алискирен кај пациенти со дијабетес мелитус или со ренално оштетување; 
  • Втор и трет триместар од бременоста; 
  • Тешка хипотензија; 
  • Шок / кардиоген шок; 
  • Опструкција на излезниот тракт на левата комора (хипертрофична опструктивна кардиомиопатија и аортна стеноза од висок степен); 
  • Хемодинамски-нестабилна срцева инсуфициенција по акутен миокарден инфаркт.
Други антихипертензиви
  • Истовремената употреба на amlodipine, valsartan со други антихипертензивни лекови може да резултира со засилување на хипотензивниот ефект.
Инхибитори на CYP450 3A4
  • Истовремената употреба на amlodipine, valsartan со инхибитори на CYP450 3A4, како кетоконазол, итраконазол или ритонавир може да резултира со значително зголемување на плазматската концентрација на amlodipine.
Индуктори на CYP450 3A4
  • Истовремената употреба на amlodipine, valsartan со индуктори на CYP450 3A4, како карбамазепин, фенитоин, фенобарбитал, фосфенитоин, примидон, рифампицин и кантарион може да резултира со намалување на плазматската концентрација на amlodipine.
Симвастатин
  • Истовремената употреба на amlodipine, valsartan со симвастатин може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на симвастатин.
Дантролен
  • Истовремената употреба на amlodipine, valsartan со дантролен може да резултира со манифестација на смртоносна вентрикуларна фибрилација и кардиоваскуларен колапс асоцирани со хиперкалиемија.
Литиум
  • Истовремената употреба на amlodipine, valsartan со литиум може да резултира со реверзибилно зголемување на плазматската концентрација на литиум.
Диуретици кои штедат калиум и суплементи кои содржат калиум
  • Истовремената употреба на amlodipine, valsartan со диуретици кои штедат калиум или суплементи кои содржат калиум може да резултира со хиперкалиемија.
НСАИЛи
  • Истовремената употреба на amlodipine, valsartan со НСАИЛи може да резултира со намалување на антихипертензивниот ефект, влошување на реналната функција и хиперкалиемија.
Рифампицин, циклоспорин, ритонавир
  • Истовремената употреба на amlodipine, valsartan со рифампицин, циклоспорин или ритонавир може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на valsartan.
Храна богата со калиум
  • Не се препорачува истовремена употреба на amlodipine, valsartan со храна која е богата со калиум поради можност од предизвикување хиперкалиемија.
Мултивитамини и минерали
  • Истовремената употреба на amlodipine, valsartan со мултивитамини или минерали може да резултира со намалување на хипотензивниот ефект.
Сок од грејпфрут
  • Истовремената употреба на amlodipine, valsartan со сок од грејпфрут може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на amlodipine и потенцирање на неговиот антихипертензивен ефект.
Бременост
  • Не се препорачува употреба на amlodipine, valsartan за време на бременост.
Доење
  • Не се препорачува доење за време на спроведување на терапија со amlodipine, valsartan.

Нема податоци.

Многу чести
  • Хипокалиемија, хиперлипидемија.
Чести
  • Хиперурикемија, хипокалиемија, хипомагнеземија, хипонатриемија, вртоглавица, главоболка, сомнолентност, палпитации, црвенило, хипотензија, ортостатска хипотензија, абдоминален дискомфорт, болка во горен абдомен, намален апетит, диспепсија, наузеа, осип, уртикарија, едеми на глуждовите, полакиурија, импотенција, замор, едем.
Помалку чести
  • Анорексија, хиперкалциемија, хиперлипидемија, хиперурикемија, хипонатриемија, депресија, инсомнија, нарушен сон, промени во расположението, нарушена координација, дисгеузија, летаргија, парестезија, периферна невропатија / невропатија, сомноленција, тремор, хипоестезија, нарушување / оштетување на видот, тинитус, вертиго, тахикардија, хипотензија, ортостатска хипотензија, флебитис, тромбофлебитис, кашлица, диспнеа, ринитис, иритација на грлото, абдоминален дискомфорт, болка во горен абдомен, непријатен мирис на здивот, нарушено празнење на цревата, дијареа, сува уста, диспепсија, наузеа, вомитус, алопеција, егзантем, хиперхидроза, пруритус, осип, дисколорација на кожата, артралгија, болка во грбот, едеми во зглобовите, мускулни спазми, мускулна слабост, мијалгија, болка во екстремитетите, зголемени серумски нивоа на креатинин, нарушено мокрење, ноктурија, полакиурија, акутна ренална инсуфициенција, импотенција, гинекомастија, абазија, нарушен од, астенија, непријатност, малаксаност, замор, некардијална градна болка, болка, зголемени серумски нивоа на BUN, зголемени серумски нивоа на урична киселина, хипокалиемија, обезност, намалување на телесната тежина.
Ретки
  • Гликозурија, ренална инсуфициенција и оштетување, пурпура, фотосензитивност, интрахепатална холестаза, иктерус, дијареа, констипација, абдоминален дискомфорт, болка во горен абдомен, брадиаритмија, вентрикуларна тахикардија, атријална фибрилација, оштетување на видот, парестезија, главоболка, вертиго, конфузија, депресија, инсомнија, нарушен сон, влошување на дијабетичната метаболна состојба, хипергликемија, хиперкалциемија, тромбоцитопенија (со пурпура).
Многу ретки
  • Агранулоцитоза, инсуфициенција на коскената срцевина, хемолитичка анемија, леукопенија, тромбоцитопенија (со пурпура), хиперсензитивност, хипергликемија, хипохлоремична алкалоза, хипертонија, периферна невропатија, невропатија, брадиаритмија, вентрикуларна тахикардија, атријална фибрилација, миокарден инфаркт, васкулитис, кашлица, респираторен дистрес, пулмонарен едем, пневмонитис, акутен респираторен дистрес синдром, гастритис, гингивална хиперплазија, панкреатитис, абнормален тест за хепаталната функција, хипербилирубинемија, хепатитис, интрахепатална холестаза, иктерус, ангиоедем, реакции слични на кожен лупус еритематозус, реактивирање на кожен лупус еритематозус, еритема мултиформе, фотосензитивност, уртикарија и други форми на осип, некротизирачки васкулитис и токсична епидермална некролиза, ексфолијативен дерматитис, квинкеов едем, Stevens-Johnson-ов синдром. 
Непознато
  • Хиперкалиемија, пирексија, астенија, ренална инсуфициенција и оштетување, акутна ренална инсуфициенција, ренална дисфункција, зголемени серумски нивоа на креатинин, мијалгија, мускулни спазми, некротизирачки васкулитис, токсична епидермална некролиза, осип, пруритус, еритема мултиформе, булозен дерматитис, ангиоедем, абнормален тест за хепаталната функција, хипербилирубинемија, васкулитис, хороидална ефузија, акутен глауком од затворен агол, екстрапирамидален синдром, хиперсензитивност, апластична анемија, тромбоцитопенија (со пурпура), неутропенија, намалено ниво на хемоглобин и на хематокрит, немеланомски канцер на кожата (базоцелуларен и планоцелуларен карцином).
Симптоми
  • Изразена хипертензија со вртоглавица, прекумерна периферна вазодилатација и рефлексна тахикардија, пролонгирана системска хипотензија, вклучувајќи и шок со фатален исход.
Терапија
  • Администрација на вазоконстриктори за обновување на васкуларниот тонус и крвниот притисок; 
  • Интравенска администрација на калциум глуконат за неутрализација на ефектите што се јавуваат како последица на блокирање на калциумовите канали; 
  • Индукција на емеза или гастрична лаважа; 
  • Администрација на активен јаглен.

Поради можност од појава на вртоглавица или истоштеност, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:C09DB01
Генерично име:amlodipine, valsartan
Латинично име:Amlodipine, valsartan film-coated tablets
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:5mg / 160mg филм-обложени таблети
Производител:БЕЛУПО дооел
Носител на одобрение:BELUPO lijekovi i kozmetika d.d., Копривница, Хрватска