Лек: Алицеф

  • ATC код:J01DB05
  • Компанија:АЛКАЛОИД АД Скопје - Фармацевтска, Хемиска, Козметичка индустрија, Скопје, Р. Северна Македонија
  • Доза:250 mg/5 ml гранули за перорална суспензија
Стрептококен фарингитис и тонзилитис
Некомплицирани инфекции на уринарниот тракт
Некомплицирани инфекции на кожата и на меките ткива

Cefadroxil е антибиотик од групата на цефалоспорини кој делува преку механизам на инхибиција на синтезата на бактерискиот клеточен ѕид преку активно врзување за еден или за повеќе пеницилин-врзувачки протеини, со што се инхибира последниот чекор од синтезата на пептидогликанот, кој е основна компонента на бактерискиот клеточен ѕид. Резултатот е создавање осмотски нестабилен клеточен ѕид и лиза на бактериската клетка.

Посебни популации
Постари пациенти
  • Потребно е прилагодување на дозата кај геријатриски пациенти со нарушена ренална функција. 
Пациенти со ренално оштетување

Табела 2. Прилагодување на дозата на cefadroxil во зависност од креатинин клиренсот 

Креатинин клиренс (mL/min/l ,73m^2)

Серумски креатинин

(mg/100 mL)

Иницијална доза

Следна доза

Интервал на дозирање

50 - 25

1,4 - 2,5

1000mg

500 - 1000mg

на 12 часа

25 - 10

2,5 - 5,6

1000mg

500 - 1000mg

на 24 часа

10 - 0

> 5,6

1000mg

500 - 1000mg

на 36 часа

Пациенти со хепатално оштетување
  • Не е потребно прилагодување на дозата.
Педијатриска популација

Табела 1. Прилагодување на дозата на cefadroxil во зависност од телесната тежина

Телесна тежина

(kg)

Главни препораки за дозирање, базирано на 30 — 50 mg/kg/ден, двапати дневно

Главни препораки за дозирање за фарингитис и за тонзилитис, базирано на 30 mg/kg/ден, eднаш дневно

5-6

2,5 - 3,75 mL на секои 12 часа

3,75 mL дневно

7-8

2,5 - 5 mL на секои 12 часа

5 mL дневно

9-10

3,75 - 5 mL на секои 12 часа

6,25 mL дневно

1-12

3,75 - 6,25 mL на секои 12 часа

7,5 mL дневно

3-14

5 - 7,5 mL на секои 12 часа

8,75 mL дневно

15-16

5 - 8,75 mL на секои 12 часа

10 mL дневно

17-18

6,25 - 10 mL на секои 12 часа

11,25 mL дневно

19-20

6,25 - 10 mL на секои 12 часа

12,5 mL дневно

21-22

7,5 - 11,25 mL на секои 12 часа

13,75 mL дневно

23-25

7,5 - 12,5 mL на секои 12 часа

15 mL дневно

26-27

8,75 - 13,75 mL на секои 12 часа

16,25 mL дневно

28-29

8,75 - 15 mL на секои 12 часа

17,5 mL дневно

30-31

10 - 16,25 mL на секои 12 часа

18,75 mL дневно

32-33

10 - 17,5 mL на секои 12 часа

20 mL дневно

34-35

11,25 - 17,5 mL  на секои 12 часа

20 mL дневно

36-37

11,25 - 18,75 mL на секои 12 часа

20 mL дневно

38-40

12,5 - 20 mL на секои 12 часа

20 mL дневно

 
Стрептококен фарингитис и тонзилитис
  • Препорачана доза на cefadroxil е 30 mg/kg/ден, еднаш дневно, во период од 10 дена.  
Некомплицирани инфекции на уринарниот тракт
  • Препорачана доза на cefadroxil е 30 - 50 mg/kg/ден, поделени во две поединечни дози.
Некомплицирани инфекции на кожата и на меките ткива
  • Препорачана доза на cefadroxil е 30 - 50 mg/kg/ден, поделени во две поединечни дози. 
Деца со телесна тежина < 40kg и ренална инсуфициенција
  • Употребата на cefadroxil е контраиндицирана. 
Стрептококен фарингитис и тонзилитис
  • Препорачана доза на cefadroxil е 1000mg дневно, во период од 10 дена. 
Некомплицирани инфекции на уринарниот тракт
  • Препорачана доза на cefadroxil е 1000mg на секои 12 часа. 
Некомплицирани инфекции на кожата и на меките ткива
  • Препорачана доза на cefadroxil е 1000mg на секои 12 часа. 
  • Хиперсензитивност кон cefadroxil
  • Алергија на соја или на кикиритки; 
  • Хиперсензитивност кон пеницилин или други β-лактамски антибиотици.
Антикоагуланси
  • Истовремената употреба на cefadroxil со антикоагуланси или со инхибитори на тромбоцитната агрегација може да предизвика хеморагични компликации.
Пробенецид
  • Истовремената употреба на cefadroxil со пробенецид може да резултира со зголемување на концентрацијата на cefadroxil во серумот и во жолчката.
Бактериостатски антибиотици
  • Истовремената употреба на cefadroxil со бактериостатици како што се: тетрациклин, еритромицин, сулфонамиди или хлорамфеникол може да резултира со манифестација на антагонистички ефект. 
Нефротоксични лекови
  • Истовремената употреба на cefadroxil со нефротоксични лекови како полимиксин Б, ванкомицин, колистин или со големи дози диуретици кои дејствуваат на Хенлеовата петелка (фуросемид) може да резултира со потенцирање на нефротоксичните ефекти.
Холестирамин
  • Истовремената употреба на cefadroxil со холестирамин може да резултира со намалување на биорасположливоста на cefadroxil

Нема податоци.

Бременост
  • Не се препорачува употреба на cefadroxil за време на бременост. 
Доење
  • Не се препорачува доење за време на спроведување на терапија со cefadroxil.

Нема влијание. 

Чести
  • Наузеа, вомитус, дијареа, диспепсија, абдоминална болка, глоситис, пруритус, осип, алергиски егзантем, уртикарија.
Помалку чести
  • Клиничка слика како резултат на раст на опортунистички организми (габички), вагинална микоза, сор.
Ретки
  • Еозинофилија, тромбоцитопенија, леукопенија, неутропенија и агранулоцитоза, реакција слична на серумска болест, холестаза и идиосинкразична хепатална слабост, благо зголемување на серумските нивоа на трансаминазите (AST, ALT) и на алкалната фосфатаза, ангионевротски едем, артралгија, интерстицијален нефритис, медикаментозна треска.
Многу ретки
  • Хемолитична анемија од имунолошко потекло, рана алергиска реакција (анафилактичен шок), главоболка, несоница, вертиго, нервоза, псевдомембранозен колитис (според сериозноста може да биде благ до живото-загрозувачки), Stevens-Johnson-ов синдром и еритема мултиформе, замор, позитивен, директетен и индиректен Кумбсов тест.
Многу чести

/

Непознато

/

Симптоми
  • Наузеа, халуцинации, хиперрефлексија, екстрапирамидни симптоми, нарушување на свеста, па дури и кома и нарушувања на реналната функција
Третман
  • Индукција на емеза или гастрична лаважа.

Поради можност од појава на главоболка, вртоглавица, нервоза, инсомнија и замор, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:J01DB05
Генерично име:cefadroxil
Латинично име:Cefadroxil granules for peroral solution
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:250 mg/5 ml гранули за перорална суспензија
Производител:АЛКАЛОИД АД Скопје - Фармацевтска, Хемиска, Козметичка индустрија, Скопје, Р. Северна Македонија
Носител на одобрение:АЛКАЛОИД АД, Скопје, Р. Северна Македонија
anisindione
Умерена
balsalazide
Умерена
bcg
Сериозна
bifidobacterium infantis
Умерена
bumetanide
Умерена
chloramphenicol
Умерена
cholera vaccine, live
Сериозна
dicumarol
Умерена
entecavir
Умерена
estradiol
Умерена
estropipate
Умерена
ethacrynic acid
Умерена
ethinyl estradiol
Умерена
fecal microbiota spores, live
Сериозна
fecal microbiota, live
Умерена
furosemide
Умерена
indium oxyquinoline in-111
Умерена
lactobacillus acidophilus
Умерена
lactobacillus reuteri
Умерена
lactobacillus rhamnosus
Умерена
lactobacillus rhamnosus gg
Умерена
mycophenolate mofetil
Сериозна
mycophenolic acid
Сериозна
pemetrexed
Умерена
probenecid
Умерена
torsemide
Умерена
trospium
Умерена
typhoid vaccine, live
Сериозна
warfarin
Умерена