Лек: Калциум фолинат “Плива”

  • ATC код:V03AF03
  • Компанија:ПЛИВА дооел
  • Доза:10mg/mL раствор за инјектирање (1 стаклена вијала x 20 mL/кутија)
Намалување на токсичноста и неутрализација на дејството на антагонистите на фолинската киселина (метотрексат) во цитотоксична терапија и предозирање кај возрасни и деца
Комбинација со 5-флуороурацил во цитотоксична терапија

Calcium folinate е активен метаболит на фолинска киселина и есенцијален коензим за синтеза на нуклеинска киселина во цитотоксичната терапија. Calcium folinate го подобрува дејството на 5-флуороурацилот преку механизам на стабилизација на врската помеѓу активниот метаболит на 5-флуороурацилот и ензимот тимидилат синтетаза.

Calcium folinate се употребува само интравенски или интрамускулно. Во случај на интравенска администрација, не смее да се употребува повеќе од 160mg calcium folinate во минута, поради содржината на калциум во растворот.

За интравенска инфузија, calcium folinate ex tempore може да се разреди со 0,9% раствор на NaCl или 5% раствор на глукоза.

Помош со calcium folinate во терапија со метотрексат
  • Calcium folinate се применува парентерално кај пациенти со синдроми на малапсорпција или други гастроинтестинални нарушувања, каде цревната апсорпција не е осигурана. Дозите над 25mg и 50mg мора да се дадат парентерално, поради можноста од заситување на апсорпцијата на calcium folinate во цревата;
  • Употребата на calcium folinate е потребна кога метотрексат се дава во дози поголеми од 500mg/m2 телесна површина, а треба да се разгледа и при употреба на доза од 100 – 500 mg/m2 телесна површина;
  • Почетната доза на calcium folinate е 15mg (6-12mg/m2) и се дава 12 – 24 часа (24 часа најдоцна) по почетокот на инфузијата со метотрексат. Истата доза се дава на секои 6 часа, во период од 72 часа. По неколку парентерални дози, лекувањето може да продолжи со перорални облици на лекот;
  • Доколку по 48 часа, преостанатото ниво на метотрексат е > 0,5 µmol/L, дозата на calcium folinate треба да се прилагоди согласно Табела 1.

Табела 1. Прилагодување на дозата на calcium folinate

Преостанато ниво на метотрексат во крвта 48 часа по започнување на неговата употреба:

Дополнителна доза на calcium folinate која се администрира на секои 6 часа низ 48 часа или сé додека нивото на метотрексат не се спушти под 0,05 µmol/L

≥ 0,5 µmol/L

15 mg/m2

≥ 1,0 µmol/L

100 mg/m2

≥ 2,0 µmol/L

200 mg/m2

 
Комбинација со 5-флуороурацил во цитотоксична терапија
Двомесечен режим на лекување
  • Сalcium folinate 200 mg/m2 во интравенска инфузија, во тек на два часа, потоа болус 400 mg/m2 5-флуороурацил и 22-часовна инфузија на 5-флуороурацил (600 mg/m2), 2 последователни дена, на секои 2 недели, во деновите 1 и 2. 
Неделен режим на лекување
  • Сalcium folinate 20 mg/m2 болус интравенска инјекција или 200 – 500 mg/m2 како интравенска инфузија во период од 2 часа, плус 500 mg/m2 5-флуороурацил како интравенска болус инјекција во средината или на крајот на calcium folinate инфузијата. 
Месечен режим на лекување
  • Сalcium folinate 20 mg/m2 болус интравенска инјекција или 200 – 500 mg/m2 како интравенска инфузија во период од 2 часа, веднаш потоа 425 или 370 mg/m2 5-флуороурацил како болус интравенска инјекција, во текот на 5 последователни дена. 
Антидот на антагонистите на фолинска киселина (триметрексат, триметоприм и пириметамин)
Токсичност на триметрексат
Превенција
  • Сalcium folinate треба да се администрира секој ден во текот на лекувањето со триметрексат и во тек на 72 часа по последната доза на триметрексат. Calcium folinate може да се администрира или интравенски, во доза од 20 mg/m2 за 5 – 10 минути, на секои 6 часа, до постигнување на вкупна дневна доза од 80 mg/m2 или перорално, поделено во четири дози од 20 mg/m2 дневно, кои се даваат во еднакви временски интервали. Дневните дози на calcium folinate треба да се прилагодат во зависност од хематолошката токсичност на триметрексатот.
Предозирање
  • По прекин на терапијата со триметрексат, calcium folinate 40 mg/m2 се дава интравенски, на секои 6 часа, во тек на 3 дена.
Токсичност на триметоприм
  • По прекин на употребата на триметоприм, дневно се дава 3 – 10 mg calcium folinate, сé до постигнување на нормална крвна слика.
Токсичност со пириметамин
  • Во случај на лекување со висока доза на пириметамин или долготрајна употреба на пириметамин во мали дози, треба истовремено да се администрира calcium folinate во доза од 5 – 50mg дневно, врз основа на резултатите од испитување на периферната крвна слика.
  • Хиперсензитивност кон calcium folinate;
  • Пернициозна анемија или други видови на анемија поради недостаток на витамин В12.
Антагонисти на фолинска киселина (котримоксазол, пириметамин)
  • Истовремената употреба на calcium folinate со антагонисти на фолинска киселина, како што се клотримоксазол и/или пириметамин може да резултира со намалување или целосна неутрализација на дејството на антагонистите на фолинската киселина. 
Антиепилептици (фенобарбитал, примидон, фенитоин, сукцинимиди)
  • Истовремената употреба на calcium folinate со антиепилептични супстанци, како што се фенобарбитал, примидон, фенитоин и сукцинимиди може да резултира со намалување на дејството на антиепилептиците, а како последица на тоа може да дојде до зголемување на фреквенцијата на нападите.
5-флуороурацил
  • Истовремената употреба на calcium folinate со 5-флуороурацил може да резултира со потенцирање на дејството и токсичноста на 5-флуороурацилот. 

Нема податоци.

Нема податоци кои се однесуваат на безбедноста и ефикасноста од употребата на calcium folinate за време на бременост и доење.

Нема податоци.

Многу чести
  • Гадење и повраќање, дијареа, дијареа со високи нивоа на токсичност и дехидратација, што доведува до потреба од хоспитализација. 
Чести

/

Помалку чести
  • Хипертермија (хиперпирексија) по администрација на calcium folinate во облик на раствор за инјектирање.
Ретки
  • Инсомнија, возбуденост и депресија по примена на високи дози, зголемена фреквенција на епилептични напади, гастроинтестинални нарушувања (при примена на високи дози).
Многу ретки
  • Алергиски реакции, вклучително анафилактичка / анафилактоидна реакција и уртикарија.
Непознато
  • Токсична епидермална некролиза и Stevens-Johnson-ов синдром. 
Комбинирана терапија со 5-флуороурацил
Многу чести
  • Инсуфициенција на коскената срцевина, вклучително и смртни случаи, мукозитис, вклучително и стоматитис и хелитис, смртни случаи како резултат на мукозитис. 
Чести
  • Palmar – Plantar еритродизаестезија.
Помалку чести

/

Ретки

/

Многу ретки

/

Непознато
  • Хипераммонаемија.

Нема податоци.

Нема влијание.

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:V03AF03
Генерично име:calcium folinate
Латинично име:Calcium folinate solution for injection and infusion
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:10mg/mL раствор за инјектирање (1 стаклена вијала x 20 mL/кутија)
Производител:ПЛИВА дооел
Носител на одобрение:PLIVA Hrvatska d.o.o, Загреб, Хрватска, PHARMACHEMIE B.V., Харлем, Холандија