Терапија на есенцијална хипертензија кај возрасни пациенти
Терапија на хипертензија кај деца и адолесценти на возраст од 6 – 19 години
Терапија на возрасни пациенти со срцева слабост и нарушена систолна функција на левата комора
- Применливо кога АКЕ-инхибиторите не се толерираат или како дополнителна терапија на АКЕ-инхибиторите кај пациенти со симптоматска срцева слабост и покрај оптималната терапија, кога не се толерираат минералокортикоидните рецепторни антагонисти.
Candesartan претставува лек од групата на антагонисти на рецепторите на ангиотензин II. Делува преку механизам на селективно врзување за АТ1 рецепторите на ангиотензин II, сместени во васкуларното мазно-мускулно ткиво и во адреналните жлезди, со што се инхибира АТ1-посредуваната вазоконстрикција и алдостерон-секреторниот ефект на ангиотензинот II, а како резултат на тоа доаѓа до намалување на крвниот притисок.
Candesartan се зема еднаш дневно, со или без храна.
Хипертензија
- Препорачана почетна доза и вообичаена доза на одржување со candesartan е 8mg дневно. Антихипертензивното дејство се постигнува за 4 недели;
- Кај пациенти кај кои крвниот притисок не е соодветно контролиран, дозата може да се зголеми до 16mg дневно, односно максимум до 32mg дневно.
Срцева слабост
- Вообичаена препорачана почетна доза на candesartan е 4mg дневно. Нагорна титрација до постигнување на целната доза од 32mg дневно (максимална доза) или највисоката поднослива доза се врши со удвојување на дозата во интервали од најмалку 2 недели;
- Candesartan може да се администрира истовремено со други лекови за третман на срцева слабост, како што се АКЕ-инхибитори, β-блокатори, диуретици и дигиталис или комбинација од овие препарати.
Посебни популацииПостари пациенти (≥ 65 години)
- Не е потребно прилагодување на дозата.
Педијатриска популација
- Деца на возраст под 1 години – употребата на candesartan е контраиндицирана кај оваа група на педијатриски пациенти;
- Деца на возраст од 1 – 6 години – нема податоци;
- Деца и адолесценти на возраст од 6 – 18 години – препорачана почетна доза на candesartan е 4mg дневно;
- Пациенти со телесна тежина под 50kg – дозата може да се зголеми најмногу до 8mg дневно;
- Пациенти со телесна тежина над 50kg – дозата може да се зголеми до 8mg дневно, а по потреба и до 16mg дневно;
- Антихипертензивното дејство на candesartan во најголема мера се постигнува во рок од 4 недели;
- Кај децата со можност за намалување на интраваскуларниот волумен (на пр. пациенти лекувани со диуретици, особено оние со нарушена ренална функција) терапијата со candesartan треба да започне со пониска почетна доза од горенаведената;
- Нема податоци кои се однесуваат на безбедноста од употребата на candesartan во дози поголеми од 32mg;
- Нема податоци кои се однесуваат на безбедноста од употребата на candesartan кај деца со гломеруларна филтрација помала од 30 mL/min/1,73m2.
Пациенти со намален интраваскуларен волумен
- Кај пациенти со ризик од хипотензија, како што се пациентите со можно намалување на интраваскуларниот волумен, треба да се земе предвид почетна доза од 4mg candesartan.
Пациенти со ренално оштетување
- Кај пациентите со ренално оштетување, вклучувајќи ги и пациентите на хемодијализа, почетна доза на candesartan е 4mg;
- Нема податоци кои се однесуваат на потребата од прилагодување на дозата на candesartan кај пациенти со многу тешки или терминални ренални нарушувања (креатинин клиренс < 15 mL/min).
Пациенти со хепатално оштетување
- Почетна доза од 4mg candesartan дневно се препорачува кај пациенти со благи до умерени хепатални нарушувања;
- Употребата на candesartan е контраиндицирана кај пациенти со тешки хепатални нарушувања и/или холестаза.
Пациенти од црна раса
- Антихипертензивниот ефект на candesartan е помалку изразен кај пациентите од црната раса, во споредба со оние од останатите раси. Според тоа, потребно е применување на поголема доза candesartan за контрола на крвниот притисок кај овие пациенти.
Храната не влијае на биорасположливоста на candesartan.
Се препорачува претпазливост при возење или управување со машини, поради можност од предизвикување на зашеметеност или замор за време на спроведување на терапијата со candesartan.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.