Лек: Карбикомби

  • ATC код:C09CA06
  • Компанија:КРКА - ФАРМА дооел
  • Доза:32mg/25mg таблети
Третман на есенцијална хипертензија кај возрасни пациенти
Candesartan
  • Candesartan претставува лек од групата на антагонисти на рецепторите на ангиотензин II. Делува преку механизам на селективно врзување за АТ1 рецепторите на ангиотензин II, сместени во васкуларното мазно-мускулно ткиво и во адреналните жлезди, со што се инхибира АТ1-посредуваната вазоконстрикција и алдостерон-секреторниот ефект на ангиотензинот II, а како резултат на тоа доаѓа до намалување на крвниот притисок.
Hydrochlorothiazide
  • Hydrochlorothiazide претставува тиазиден диуретик кој делува преку механизам на инхибиција на активната реапсорпција на натриум, генерално на ниво на дисталните ренални тубули и ја помага екскрецијата на натриум, хлориди и вода. Реналната екскреција на калиум и магнезиум се зголемува дозно-зависно, додека калциумот се реапсорбира во поголем обем. Hydrochlorothiazide го намалува интраваскуларниот плазматски волумен, како и волуменот на екстрацелуларната течност и ги намалува количината на испумпана крв од срцето и крвниот притисок. При спроведување на долготрајна терапија, намалениот периферен отпор води до намалување на крвниот притисок.

Candesartan, hydrochlorothiazide се зема еднаш дневно, со или без храна.

Хипертензија
  • Препорачана доза е една таблета дневно;
  • Препорачливо е титрирање на дозата на поединечните компоненти;
  • Антихипертензивниот ефект се постигнува во рок од 4 недели.
Посебни популации
Постари пациенти (≥ 65 години)
  • Не е потребно прилагодување на дозата.
Педијатриска популација
  • Нема податоци.
Пациенти со намален интраваскуларен волумен
  • Кај пациенти со ризик од хипотензија, како што се пациентите со можно намалување на интраваскуларниот волумен, треба да се земе предвид почетна доза од 4mg candesartan.
Пациенти со ренално оштетување
  • Кај пациенти со благо до умерено ренално оштетување (креатинин клиренс ≥ 30mL/min/1,73m2) препорачливо е титрирање на дозата;
  • Употребата на candesartan, hydrochlorothiazide кај пациенти со тешко ренално оштетување (креатинин клиренс < 30mL/min/1,73m2) е контраиндицирана.
Пациенти со хепатално оштетување
  • Кај пациенти со благо до умерено хепатално оштетување препорачливо е титрирање на дозата;
  • Употребата на candesartan, hydrochlorothiazide кај пациенти со тешко хепатално оштетување е контраиндицирана.
  • Хиперсензитивност кон candesartan;
  • Хиперсензитивност кон hydrochlorothiazide;
  • Втор и трет триместар од бременоста;
  • Тешко ренално оштетување (креатинин клиренс < 30mL/min/1,73m2);
  • Тешко хепатално оштетување и/или холестаза;
  • Рефракторна хипокалиемија и/или хиперкалциемија;
  • Гихт;
  • Истовремена употреба на лекови кои содржат алискирен кај пациенти со дијабетес мелитус или ренално нарушување (GFR < 60 mL/min/1,73m2).
Диуретици кои штедат калиум, калиумови суплементи, супститути на сол кои содржат калиум, хепарин
  • Истовремената употреба на candesartan, hydrochlorothiazide со диуретици кои штедат калиум, калиумови суплементи, супститути на сол кои содржат калиум и други медицински производи како што е хепаринот може да резултира со хиперкалиемија.
Лекови кои може да предизвикаат torsades de pointes
  • Се препорачува периодично следење на серумските нивоа на калиумот при истовремена употреба на candesartan, hydrochlorothiazide со лекови кои може да предизвикаат torsades de pointes, како што се:

Класа Ia антиаритмици (кинидин, хидрокинидин, дисопирамид)

Класа III антиаритмици (амиодарон, соталол, дофетилид, ибутилид)

Антипсихотици (тиоридазин, хлорпромазин, левомепромазин, трифлуороперазин, циамемазин, сулпирид, амисулпирид, тиаприд, халоперидол, дроперидол)

Други лекови (цисаприд, бепридил, дифеманил, интравенски еритромицин, халофантрин, кетансерин, мизоластин, пентамидин, спарфлоксацин, терфенадин, интравенски винкамин).

Литиум во комбинација со АКЕ-инхибитори
  • Истовремената употреба на candesartan, hydrochlorothiazide со комбинација од литиум и АКЕ-инхибитор може да резултира со реверзибилно покачување на плазма-концентрацијата на литиумот и потенцирање на неговата токсичност. Сличен ефект настанува и при истовремена употреба на антагонисти на рецепорите на ангиотензин II.
Антагонисти на рецепторите на ангиотензин II во комбинација со нестероидни антиинфламаторни лекови (НСАИЛ)
  • Истовремената употреба на candesartan, hydrochlorothiazide со комбинација од антагонисти на рецепорите на ангиотензин II и НСАИЛи како што се селективните COX-2-инхибитори може да резултира со намалување на антихипертензивниот ефект. Дополнително, ваквата комбинација од лекови може да доведе до нарушување на реналната функција, вклучувајќи можност за акутна ренална слабост и зголемување на серумскиот калиум, особено кај пациенти со претходно ослабена ренална функција.
Холестирамин, холестипол
  • Холестирамин и холестипол ја намалуваат апсорпцијата на hydrochlorothiazide.
Недеполаризирачки релаксанси на скелетната мускулатура (тубокурарин)
  • Нydrochlorothiazide може да го потенцира дејството на недеполаризирачките релаксанси на скелетната мускулатура, како што е тубокураринот.
Калциумови суплементи и/или витамин D
  • Тиазидните диуретици како што е hydrochlorothiazide можат да ги зголемат серумските нивоа на калциумот (поради намалување на неговата екскреција), поради што не се препорачува истовремена употреба на hydrochlorothiazide со калциумови суплементи и/или витамин D.
β-блокатори и диазоксид
  • Нydrochlorothiazide може да го потенцира хипергликемичното дејство на β-блокаторите и на диазоксидот.
Антихолинергични лекови (атропин, бипериден)
  • Антихолинергичните лекови, како што се атропин и бипериден може да ја зголемат биорасположливоста на hydrochlorothiazide преку намалување на гастроинтестиналниот мотилитет и празнењето на желудникот.
Амантадин
  • Нydrochlorothiazide може да го зголеми ризикот од појава на несакани дејства предизвикани од амантадин. 
Цитотоксични лекови (циклофосфамид, метотрексат)
  • Нydrochlorothiazide може да ја намали реналната екскреција на цитотоксичните лекови, како што се циклофосфамид и метотрексат и да ги потенцира нивните миелосупресивни ефекти.
Алкохол, барбитурати, анестетици
  • Истовремената употреба на candesartan, hydrochlorothiazide со алкохол, барбитурати или анестетици може да резултира со влошување на постуралната хипотензија. 
Антидијабетични лекови
  • Терапијата со candesartan, hydrochlorothiazide може да ја наруши глукозната толеранција, поради што се јавува потреба од прилагодување на дозата на антидијабетичните лекови, вклучувајќи го и инсулинот. Потребна е претпазливост при истовремена употреба на метформин, поради ризик од појава на лактатна ацидоза предизвикана од можна функционална ренална инсуфициенција асоцирана со hydrochlorothiazide
Пресорни амини (адреналин)
  • Hydrochlorothiazide може да го намали артерискиот одговор на пресорните амини, како што е адреналинот, но не доволно за целосно да го исклучи пресорниот ефект.
Јоден контрастен медиум
  • Hydrochlorothiazidе може да го зголеми ризикот од појава на акутна ренална инсуфициенција, особено со високи дози на јоден контрастен медиум.
Циклоспорин
  • Истовремената употреба на candesartan, hydrochlorothiazide со циклоспорин може да резултира со зголемување на ризикот од појава на компликации од типот на хиперурикемија и гихт. 
Баклофен, амифостин, трициклични антидепресиви, неуролептици
  • Истовремената употреба на candesartan, hydrochlorothiazide со лекови како што се беклометазон, амифостин, трицикличните антидепресиви и неуролептиците може да резултира со потенцирање на антихипертензивниот ефект и да доведе до хипотензија.

Храната не влијае на биорасположливоста на candesartan.

Бременост
  • Не се препорачува употреба на candesartan, hydrochlorothiazide за време на бременост.
Доење
  • Не се препорачува доење за време на спроведување на терапијата со candesartan, hydrochlorothiazide.

Нема податоци.

Несакани ефекти од candesartan
Многу чести

/

Чести
  • Респираторна инфекција, зашеметеност, вертиго, главоболка, хипотензија.
Помалку чести

/

Ретки

/

Многу ретки
  • Леукопенија, неутропенија, агранулоцитоза, хиперкалиемија, хипонатриемија, кашлица, гадење, покачување на серумските нивоа на хепаталните ензими, абнормална хепатална функција, хепатитис, ангиоедем, исип, уртикарија, пруритус, болки во грбот, артралгија, мијалгија, ренално оштетување, вклучувајќи ренална инсуфициенција кај чувствителни пациенти.
Непознато

/

Несакани ефекти од hydrochlorothiazide
Многу чести

/

Чести
  • Хипергликемија, хиперурикемија, електролитен дисбаланс (вклучувајќи хипонатриемија, хипокалиемија), несвестица, вртоглавица, гликозурија, слабост, покачени серумски нивоа на холестерол и триглицериди.
Помалку чести
  • Постурална хипотензија, анорексија, намалување на апетитот, желудочна иритација, дијареа, констипација, осип, уртикарија, фотосензитивни реакции. 
Ретки
  • Леукопенија, неутропенија, агранулоцитоза, тромбоцитопенија, апластична анемија, депресија на коскената срцевина, хемолитичка анемија, анафилактична реакција, нарушено спиење, депресија, немир, парестезија, минливо заматен вид, срцеви аритмии, некротизирачки ангиитис (васкулитис, кожен васкулитис), респираторен дистрес синдром (пнеумонитис, пулмонален едем), панкреатитис, интрахепатална холестатска жолтица, токсична епидермална некролиза, мускулни спазми, ренална дисфункција, интерстицијален нефритис, хипертермија (хиперпирексија), покачени серумски нивоа на азот кој потекнува од уреа (BUN, blood urea nitrogen), покачени серумски нивоа на креатинин. 
Многу ретки

/

Непознато
  • Акутна миопатија, акутен глауком од затворен агол, системски лупус еритематозус, кожен лупус еритематозус.
Симптоми
  • Симптоми на предозирање со candesartan се симптоматска хипотензија и зашеметеност.
  • Симптоми на предозирање со hydrochlorothiazide се акутен губиток на течности и електролитен дисбаланс, зашеметеност, хипотензија, полидипсија, тахикардија, вентрикуларни аритмии, седација, нарушена свест и мускулни спазми.
Третман
  • Во случај на појава на симптоматска хипотензија, потребно е да се примени симптоматски третман и да се следат виталните знаци. Пациентот треба да биде во лежечка положба и со кренати нозе; доколку тоа не е доволно, потребно е да се пристапи кон зголемување на интраваскуларниот волумен со инфузија на изотоничен солен раствор. Доколку гореспоменатите мерки не се доволни, може да се администрираат симпатомиметици.

Се препорачува претпазливост при возење или управување со машини, поради можност од предизвикување на зашеметеност или замор за време на спроведување на терапијата со candesartan, hydrochlorothiazide.

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:C09CA06
Генерично име:candesartan, hydrochlorothiazide
Латинично име:Candesartan, hydrochlorothiazide tablets
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:32mg/25mg таблети
Производител:КРКА - ФАРМА дооел
Носител на одобрение:TAD Pharma GmbH , Куксхавен, Германија, KRKA d.d. (Лочна), Ново Место, Словенија