Третман на есенцијална хипертензија кај возрасни пациенти
Candesartan, hydrochlorothiazide се зема еднаш дневно, со или без храна.
Хипертензија
- Препорачана доза е една таблета дневно;
- Препорачливо е титрирање на дозата на поединечните компоненти;
- Антихипертензивниот ефект се постигнува во рок од 4 недели.
Посебни популацииПостари пациенти (≥ 65 години)
- Не е потребно прилагодување на дозата.
Пациенти со намален интраваскуларен волумен
- Кај пациенти со ризик од хипотензија, како што се пациентите со можно намалување на интраваскуларниот волумен, треба да се земе предвид почетна доза од 4mg candesartan.
Пациенти со ренално оштетување
- Кај пациенти со благо до умерено ренално оштетување (креатинин клиренс ≥ 30mL/min/1,73m2) препорачливо е титрирање на дозата;
- Употребата на candesartan, hydrochlorothiazide кај пациенти со тешко ренално оштетување (креатинин клиренс < 30mL/min/1,73m2) е контраиндицирана.
Пациенти со хепатално оштетување
- Кај пациенти со благо до умерено хепатално оштетување препорачливо е титрирање на дозата;
- Употребата на candesartan, hydrochlorothiazide кај пациенти со тешко хепатално оштетување е контраиндицирана.
Диуретици кои штедат калиум, калиумови суплементи, супститути на сол кои содржат калиум, хепарин
- Истовремената употреба на candesartan, hydrochlorothiazide со диуретици кои штедат калиум, калиумови суплементи, супститути на сол кои содржат калиум и други медицински производи како што е хепаринот може да резултира со хиперкалиемија.
Лекови кои може да предизвикаат torsades de pointes
- Се препорачува периодично следење на серумските нивоа на калиумот при истовремена употреба на candesartan, hydrochlorothiazide со лекови кои може да предизвикаат torsades de pointes, како што се:
Класа Ia антиаритмици (кинидин, хидрокинидин, дисопирамид)
Класа III антиаритмици (амиодарон, соталол, дофетилид, ибутилид)
Антипсихотици (тиоридазин, хлорпромазин, левомепромазин, трифлуороперазин, циамемазин, сулпирид, амисулпирид, тиаприд, халоперидол, дроперидол)
Други лекови (цисаприд, бепридил, дифеманил, интравенски еритромицин, халофантрин, кетансерин, мизоластин, пентамидин, спарфлоксацин, терфенадин, интравенски винкамин).
Литиум во комбинација со АКЕ-инхибитори
- Истовремената употреба на candesartan, hydrochlorothiazide со комбинација од литиум и АКЕ-инхибитор може да резултира со реверзибилно покачување на плазма-концентрацијата на литиумот и потенцирање на неговата токсичност. Сличен ефект настанува и при истовремена употреба на антагонисти на рецепорите на ангиотензин II.
Антагонисти на рецепторите на ангиотензин II во комбинација со нестероидни антиинфламаторни лекови (НСАИЛ)
- Истовремената употреба на candesartan, hydrochlorothiazide со комбинација од антагонисти на рецепорите на ангиотензин II и НСАИЛи како што се селективните COX-2-инхибитори може да резултира со намалување на антихипертензивниот ефект. Дополнително, ваквата комбинација од лекови може да доведе до нарушување на реналната функција, вклучувајќи можност за акутна ренална слабост и зголемување на серумскиот калиум, особено кај пациенти со претходно ослабена ренална функција.
Холестирамин, холестипол
- Холестирамин и холестипол ја намалуваат апсорпцијата на hydrochlorothiazide.
Недеполаризирачки релаксанси на скелетната мускулатура (тубокурарин)
- Нydrochlorothiazide може да го потенцира дејството на недеполаризирачките релаксанси на скелетната мускулатура, како што е тубокураринот.
Калциумови суплементи и/или витамин D
- Тиазидните диуретици како што е hydrochlorothiazide можат да ги зголемат серумските нивоа на калциумот (поради намалување на неговата екскреција), поради што не се препорачува истовремена употреба на hydrochlorothiazide со калциумови суплементи и/или витамин D.
β-блокатори и диазоксид
- Нydrochlorothiazide може да го потенцира хипергликемичното дејство на β-блокаторите и на диазоксидот.
Антихолинергични лекови (атропин, бипериден)
- Антихолинергичните лекови, како што се атропин и бипериден може да ја зголемат биорасположливоста на hydrochlorothiazide преку намалување на гастроинтестиналниот мотилитет и празнењето на желудникот.
Амантадин
- Нydrochlorothiazide може да го зголеми ризикот од појава на несакани дејства предизвикани од амантадин.
Цитотоксични лекови (циклофосфамид, метотрексат)
- Нydrochlorothiazide може да ја намали реналната екскреција на цитотоксичните лекови, како што се циклофосфамид и метотрексат и да ги потенцира нивните миелосупресивни ефекти.
Алкохол, барбитурати, анестетици
- Истовремената употреба на candesartan, hydrochlorothiazide со алкохол, барбитурати или анестетици може да резултира со влошување на постуралната хипотензија.
Антидијабетични лекови
- Терапијата со candesartan, hydrochlorothiazide може да ја наруши глукозната толеранција, поради што се јавува потреба од прилагодување на дозата на антидијабетичните лекови, вклучувајќи го и инсулинот. Потребна е претпазливост при истовремена употреба на метформин, поради ризик од појава на лактатна ацидоза предизвикана од можна функционална ренална инсуфициенција асоцирана со hydrochlorothiazide.
Пресорни амини (адреналин)
- Hydrochlorothiazide може да го намали артерискиот одговор на пресорните амини, како што е адреналинот, но не доволно за целосно да го исклучи пресорниот ефект.
Јоден контрастен медиум
- Hydrochlorothiazidе може да го зголеми ризикот од појава на акутна ренална инсуфициенција, особено со високи дози на јоден контрастен медиум.
Циклоспорин
- Истовремената употреба на candesartan, hydrochlorothiazide со циклоспорин може да резултира со зголемување на ризикот од појава на компликации од типот на хиперурикемија и гихт.
Баклофен, амифостин, трициклични антидепресиви, неуролептици
- Истовремената употреба на candesartan, hydrochlorothiazide со лекови како што се беклометазон, амифостин, трицикличните антидепресиви и неуролептиците може да резултира со потенцирање на антихипертензивниот ефект и да доведе до хипотензија.
Храната не влијае на биорасположливоста на candesartan.
Се препорачува претпазливост при возење или управување со машини, поради можност од предизвикување на зашеметеност или замор за време на спроведување на терапијата со candesartan, hydrochlorothiazide.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.