Лек: Ерлотиниб ЛЕК

  • ATC код:L01XE03
  • Компанија:ЛЕК - СКОПЈЕ Лек д.д. Љубљана дооел
  • Доза:100mg филм-обложени таблети
Прволиниски третман на локално-напреден или метастатски не-ситно-клеточен карцином на бели дробови со EGFR*-активирачки мутации
  • Erlotinib e индициран и како терапија за одржување кај пациенти со локално-напреден или метастатски не-ситно-клеточен карцином на бели дробови со EGFR-активирачки мутации и со стабилна болест по примена на прволиниска хемотерапија.

*EGFR (epidermal growth factor receptor) - рецептор на епидермален фактор на раст

Карцином на панкреас
  • Erlotinib во комбинација со гемцитабин е индициран за третман на метастатски карцином на панкреасот.

Erlotinib е инхибитор на рецепторот на епидермалниот фактор на раст тип 1 (EGFR-инхибитор), исто така познат како HER-1. Erlotinib силно ја инхибира интрацелуларната фосфорилација на EGFR; инхибицијата на EGFR-фосфотирозинот резултира со застој на растот на клетките и/или со клеточна смрт.

Не-ситно-клеточен карцином на белите дробови
  • Препорачана дневна доза на erlotinib е 150mg, земена најмалку 1 час пред оброк или 2 часа по оброк.
Карцином на панкреас
  • Препорачана дневна доза на erlotinib е 100mg, земена најмалку 1 час пред оброк или 2 часа по оброк, во комбинација со гемцитабин;
  • При прилагодување на дозата по потреба, истата треба да се намалува за 50mg.
Посебни популации
Постари пациенти (≥ 65 години)
  • Нема податоци.
Педијатриска популација
  • Не се препорачува употреба на erlotinib кај пациенти од педијатриска попиулација.
Пациенти со хепатално оштетување
  • Препорачливо е прилагодување на дозата кај пациенти со умерено хепатално оштетување (Child-Pugh 7 – 9);
  • Употребата на erlotinib кај пациенти со тешко хепатално оштетување е контраиндицирана.
Пациенти со ренално оштетување
  • Не е потребно прилагодување на дозата кај пациенти со лесно до умерено ренално оштетување;
  • Употребата на erlotinib кај пациенти со тешко ренално оштетување е контраиндицирана.
Пушачи
  • Пушењето цигари ја намалува биорасположливоста на erlotinib за 50 – 60%, поради што е потребна администрација на поголеми дози на erlotinib, односно до 300mg дневно, што го зголемува ризикот од манифестација на несакани ефекти како осип, интерстицијална белодробна болест и/или дијареа;
  • За време на спроведувањето на терапијата со erlotinib, пушачите треба да престанат со пушење цигари.
  • Хиперсензитивност кон erlotinib.
Супстрати на CYP
  • Еrlotinib е силен инхибитор на CYP1A1 и умерен инхибитор на CYP3A4 и на CYP2C8, како и силен инхибитор на глукуронидација со помош на UGT1A1 во in vitro услови. Истовремената употреба на erlotinib и ципрофлоксацин, умерен инхибитор на CYP1A2 резултира со значително зголемување на биорасположливоста на erlotinib за 39%. 
Азолни антимикотици (кетоконазол, итраконазол, вориконазол)
  • Истовремена употреба на erlotinib со кетоконазол, силен инхибитор на CYP3A4, резултира со зголемување на биорасположливоста на erlotinib (86% AUC, 69% Cmax).
Еритромицин, кларитромицин
  • Истовремена употреба на erlotinib со еритромицин или резултира со зголемување на биорасположливоста на erlotinib.
Индуктори на CYP3A4
  • Не се препорачува истовремена употреба на erlotinib со силни индуктори на активноста на CYP3A4, како што се:

Рифампицин

Фенитоин

Карбамазепин

Барбитурати

Кантарион

бидејќи истовремената употреба на erlotinib со индукторите на CYP3A4 може да резултира со значително намалување на биорасположливоста и на серумската концентрација на erlotinib.

Кумарински антикоагуланси
  • Истовремената употреба на erlotinib со кумарински антикоагуланси, вклучувајќи го и варфаринот, може да резултира со потенцирање на крварењето, кое во одредени случаи завршува со смртен исход.
Статини
  • Истовремената употреба на erlotinib со лекови од групата на статини може да ја зголеми можноста за развој на миопатија предизвикана од статини, вклучувајќи и рабдомиолиза. 
Инхибитори на P-гликопротеин (циклоспорин, верапамил)
  • Истовремената употреба на erlotinib со инхибитори на Р-гликопротеинот, како што се циклоспорин и верапамил може да резултира со променета дистрибуција и/или елиминација на erlotinib
Лекови што ја менуваат рН-вредноста
  • Не се препорачува истовремена на употреба на erlotinib со лекови кои ја менуваат рН-вредноста, како што се:

Инхибитори на протонска пумпа (омепразол, лансопразол, пантопразол, есомепразол)

Антагонисти на H2-хистаминергичните рецептори (ранитидин, циметидин, фамотидин, низатидин)

Антациди

бидејќи erlotinib има намалена растворливост (а со тоа и биорасположливост) при вредности на рН > 5. Доколку истовремено се користат антациди, истите треба да се земат најмалку 4 часа пред или 2 часа по дневната доза на erlotinib. Доколку истовремено се земаат антагонисти на H2-хистаминергичните рецептори (ранитидин), erlotinib треба да се примени најмалку 2 часа пред или 10 часа по дозата на ранитидинот.

Карбоплатин / паклитаксел
  • Еrlotinib ја зголемува концентрацијата на платина; истовремената употреба на erlotinib со карбоплатин или паклитаксел резултира со зголемување на AUC-вредноста на платина за 10,6%. 
Капецитабин
  • Капецитабинот може да ја зголеми серумската концентрација на erlotinib.

Erlotinib се зема на гладно, 1 час пред или 2 часа по оброк. Храната ја зголемува биорасположливоста и серумската концентрација на erlotinib, што може да резултира со манифестација на несакани ефекти.

Сок од грејпфрут
  • Сокот од грејпфрут може да ја зголеми биорасположливоста и серумската концентрација на erlotinib, со што ќе дојде до потенцирање на несаканите ефекти на erlotinib.
Бременост
  • Не се препорачува употреба на erlotinib за време на бременост.
Доење
  • Не се препорачува доење за време на спроведување на терапијата со erlotinib.

За време на спроведувањето на терапијата со erlotinib, жените се советуваат да користат соодветни методи на контрацепција, како и најмалку 2 недели по завршувањето на терапијата.

Erlotinib ја намалува плодноста.

Многу чести
  • Дијареа, абнормални резултати на хепаталните тестови, осип. 
Чести
  • Кератитис, конјунктивитис, епистакса, гастроинтестинално крварење, алопеција, сува кожа, паронихија, фоликулитис, акни / dermatitis acneiformis, кожни фисури, ренална инсуфициенција.
Посебни популации
  • Промени на трепките, интерстицијална белодробна болест, гастроинтестинална перфорација, хирсутизам, промени на веѓите, кршливи и меки нокти, слаби кожни реакции (хиперпигментација), нефритис, протеинурија.
Ретки
  • Хепатално затајување, синдром на палмо-плантарна еритродизестесија. 
Многу ретки
  • Перфорација на рожницата, улцерација на рожницата, увеитис, Stevens-Johnson-ов синдром / токсична епидермална некролиза.
Непознато

/

Симптоми
  • Дијареа, осип, зголемена активност на хепаталните ензими (аминотрансферази).
Третман
  • Симптоматски.

Нема податоци.

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:L01XE03
Генерично име:erlotinib
Латинично име:Erlotinib film-coated tablets
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:100mg филм-обложени таблети
Производител:ЛЕК - СКОПЈЕ Лек д.д. Љубљана дооел
Носител на одобрение:LEK farmacevtska druzba d.d., Љубљана, Словенија, REMEDICA Ltd, Лимасол, Кипар