Прволиниски третман на локално-напреден или метастатски не-ситно-клеточен карцином на бели дробови со EGFR*-активирачки мутации
*EGFR (epidermal growth factor receptor) - рецептор на епидермален фактор на раст
Карцином на панкреас
- Erlotinib во комбинација со гемцитабин е индициран за третман на метастатски карцином на панкреасот.
Erlotinib е инхибитор на рецепторот на епидермалниот фактор на раст тип 1 (EGFR-инхибитор), исто така познат како HER-1. Erlotinib силно ја инхибира интрацелуларната фосфорилација на EGFR; инхибицијата на EGFR-фосфотирозинот резултира со застој на растот на клетките и/или со клеточна смрт.
Супстрати на CYP
- Еrlotinib е силен инхибитор на CYP1A1 и умерен инхибитор на CYP3A4 и на CYP2C8, како и силен инхибитор на глукуронидација со помош на UGT1A1 во in vitro услови. Истовремената употреба на erlotinib и ципрофлоксацин, умерен инхибитор на CYP1A2 резултира со значително зголемување на биорасположливоста на erlotinib за 39%.
Азолни антимикотици (кетоконазол, итраконазол, вориконазол)
- Истовремена употреба на erlotinib со кетоконазол, силен инхибитор на CYP3A4, резултира со зголемување на биорасположливоста на erlotinib (86% AUC, 69% Cmax).
Еритромицин, кларитромицин
- Истовремена употреба на erlotinib со еритромицин или резултира со зголемување на биорасположливоста на erlotinib.
Индуктори на CYP3A4
- Не се препорачува истовремена употреба на erlotinib со силни индуктори на активноста на CYP3A4, како што се:
Рифампицин
Фенитоин
Карбамазепин
Барбитурати
Кантарион
бидејќи истовремената употреба на erlotinib со индукторите на CYP3A4 може да резултира со значително намалување на биорасположливоста и на серумската концентрација на erlotinib.
Кумарински антикоагуланси
- Истовремената употреба на erlotinib со кумарински антикоагуланси, вклучувајќи го и варфаринот, може да резултира со потенцирање на крварењето, кое во одредени случаи завршува со смртен исход.
Статини
- Истовремената употреба на erlotinib со лекови од групата на статини може да ја зголеми можноста за развој на миопатија предизвикана од статини, вклучувајќи и рабдомиолиза.
Инхибитори на P-гликопротеин (циклоспорин, верапамил)
- Истовремената употреба на erlotinib со инхибитори на Р-гликопротеинот, како што се циклоспорин и верапамил може да резултира со променета дистрибуција и/или елиминација на erlotinib.
Лекови што ја менуваат рН-вредноста
- Не се препорачува истовремена на употреба на erlotinib со лекови кои ја менуваат рН-вредноста, како што се:
Инхибитори на протонска пумпа (омепразол, лансопразол, пантопразол, есомепразол)
Антагонисти на H2-хистаминергичните рецептори (ранитидин, циметидин, фамотидин, низатидин)
Антациди
бидејќи erlotinib има намалена растворливост (а со тоа и биорасположливост) при вредности на рН > 5. Доколку истовремено се користат антациди, истите треба да се земат најмалку 4 часа пред или 2 часа по дневната доза на erlotinib. Доколку истовремено се земаат антагонисти на H2-хистаминергичните рецептори (ранитидин), erlotinib треба да се примени најмалку 2 часа пред или 10 часа по дозата на ранитидинот.
Карбоплатин / паклитаксел
- Еrlotinib ја зголемува концентрацијата на платина; истовремената употреба на erlotinib со карбоплатин или паклитаксел резултира со зголемување на AUC-вредноста на платина за 10,6%.
Капецитабин
- Капецитабинот може да ја зголеми серумската концентрација на erlotinib.
Erlotinib се зема на гладно, 1 час пред или 2 часа по оброк. Храната ја зголемува биорасположливоста и серумската концентрација на erlotinib, што може да резултира со манифестација на несакани ефекти.
Сок од грејпфрут
- Сокот од грејпфрут може да ја зголеми биорасположливоста и серумската концентрација на erlotinib, со што ќе дојде до потенцирање на несаканите ефекти на erlotinib.
За време на спроведувањето на терапијата со erlotinib, жените се советуваат да користат соодветни методи на контрацепција, како и најмалку 2 недели по завршувањето на терапијата.
Erlotinib ја намалува плодноста.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.