Лек: Елицеа

  • ATC код:N06AB10
  • Компанија:КРКА - ФАРМА дооел
  • Доза:10mg филм-обложени таблети
Тешки депресивни епизоди
Панично растројство (со или без агорафобија)
Социјално анксиозно растројство (социјална фобија)
Генерализирано анксиозно растројство
Опсесивно-компулсивно растројство

Escitalopram е селективен инхибитор на серотонинското ре-преземање со висок афинитет за примарното врзивно место. Escitalopram исто така покажува афинитет за врзување со алостеричното место на серотонинскиот транспортер, но со илјадапати послаб афинитет. Ваквиот механизам на дејство на escitalopram го оневозможува ре-преземањето на серотонинот од страна на рецепторите во пресинаптичките неврони.

Тешки депресивни епизоди
  • Препорачана доза е 10mg, еднаш дневно;
  • Во зависност од индивидуалниот одговор на пациентот, дозата може да се зголеми до најмногу 20mg дневно;
  • По повлекување на симптомите, третманот треба да продолжи уште најмалку 6 месеци.
Панично растројство (со или без агорафобија)
  • Третманот започнува со почетна доза од 5mg дневно, во тек на една недела, а потоа дозата може да се зголеми на 10mg дневно;
  • Во зависност од индивидуалниот одговор на пациентот, дозата може да се зголеми до најмногу 20mg дневно;
  • Третманот трае неколку месеци.
Социјално анксиозно растројство (социјална фобија)
  • Препорачана доза е 10mg, еднаш дневно;
  • Симпотмите се повлекуваат по 2 – 4 недели, а потоа во зависност од индивидуалниот одговор на пациентот, дозата може да се зголеми до најмногу 20mg дневно, односно да се намали на 5mg дневно.
Генерализирано анксиозно растројство
  • Препорачана доза е 10mg, еднаш дневно;
  • Во зависност од индивидуалниот одговор на пациентот, дозата може да се зголеми до најмногу 20mg дневно.
Опсесивно-компулсивно растројство
  • Препорачана доза е 10mg, еднаш дневно;
  • Во зависност од индивидуалниот одговор на пациентот, дозата може да се зголеми до најмногу 20mg дневно.
Посебни популации
Постари пациенти (≥ 65 години)
  • Препорачана доза е 5mg, еднаш дневно;
  • Во зависност од индивидуалниот одговор на пациентот, дозата може да се зголеми до најмногу 10mg дневно.
Педијатриска популација
  • Употребата на escitalopram кај пациенти на возраст до 18 години е контраиндицирана.
Пациенти со хепатално оштетување
  • Пациенти со благо до умерено хепатално оштетување – препорачана доза е 5mg дневно, во текот на првите 2 недели од лекувањето. Во зависност од индивидуалниот одговор на пациентот, дозата може да се зголеми до најмногу 10mg дневно;
  • Пациенти со тешко хепатално оштетување потребно е попрецизно титрирање на дозата.
Пациенти со ренално оштетување
  • Не е потребно прилагодување на дозата кај пациенти со лесно до умерено ренално оштетување;
  • Потребно е прилагодување на дозата кај пациенти со тешко ренално оштетување (креатинин клиренс < 30mL/min).
Бавни метаболизатори на CYP2C19
  • Препорачана е почетна доза од 5mg, еднаш дневно, во текот на првите 2 недели од третманот;
  • Во зависност од индивидуалниот одговор на пациентот, дозата може да се зголеми до најмногу 10mg дневно.
  • Хиперсензитивност кон escitalopram;
  • Пациенти со продолжен QT-интервал / конгенитален синдром на продолжен QT-интервал.
Неселективни иреверзибилни MAO-инхибитори
  • Истовремената употреба на escitalopram со лекови од групата на неселективни иреверзибилни MAО-инхибитори може да го зголеми ризикот од појава на т.н. серотонински синдром со агитација, тремор и хипертермија.
Реверзибилни МАО-инхибитори (моклобемид)
  • Истовремената употреба на escitalopram со лекови од групата на реверзибилни MAО-инхибитори, како што е моклобемид, или со реверзибилниот неселективен МАО-инхибитор линезолид е контраиндицирана поради зголемен ризик од појава на т.н. серотонински синдром.
Лекови кои го продолжуваат QT-интервалот
  • Не се препорачува истовремена употреба на escitalopram со лекови кои го продолжуваат QT-интервалот, како што се:

Антиаритмици од класа IA и III

Антипсихотици (фенотиазински деривати, пимозид, халоперидол)

Трициклични антидепресиви

Антимикробни лекови (спарфлоксацин, моксифлоксацин, еритромицин, пентамидин, антималарична терапија, особено халофантрин)

Антихистаминици (астемизол, мизоластин).

Серотонинергични лекови
  • Истовремена употреба на escitalopram со серотонинергични лекови, како што се трамадол, бупренорфин, суматриптан и други триптани, може да резултира со манифестација на серотонински синдром.
Лекови кои го намалуваат прагот на појава на конвулзии
  • Не се препорачува истовремена употреба на escitalopram со лекови кои го намалуваат прагот на појава на конвулзии, како што се:

SSRIs (селективни инхибитори на серотонинското ре-преземање)

Трициклични антидепресиви

Невролептици (фенотиазински деривати, тиоксантини, бутирофенони)

Мефлокин

Бупропион

Трамадол.

Литиум, триптофан
  • Истовремената употреба на escitalopram со овие лекови е контраиндицирана.
Кантарион
  • Истовремената употреба на escitalopram со кантарион може да ја зголеми инциденцата од појава на несакани ефекти.
Перорални антикоагуланси
  • Истовремената употреба на escitalopram со орални антикоагуланси може да ја зголеми тенденцијата за крварење.
Нестероидни антиинфламаторни лекови (НСАИЛи)
  • Истовремената употреба на escitalopram со нестероидни антиинфламаторни лекови може да ја зголеми тенденцијата за крварење.
Лекови кои предизвикуваат хипокалиемија, хипомагнеземија
  • Истовремената употреба на escitalopram со овие лекови може да го зголеми ризикот од развој на малигни аритмии.
Инхибитори на CYP2C19
  • Истовремената употреба на escitalopram со инхибитори на CYP2C19, како што се омепразол, есомепразол, флуконазол, флувоксамин, лансопразол или тиклопидин може да резултира со умерено зголемување на серумските нивоа на escitalopram.
Умерено потентни општи ензимски инхибитори (циметидин)
  • Истовремената употреба на escitalopram со циметидин може да резултира со умерено зголемување на серумските нивоа на escitalopram.
Супстрати на CYP2D6
  • Истовремената употреба на escitalopram со супстрати на CYP2D6 може да резултира со зголемување на плазма-концентрацијата на супстратите на CYP2D6.
Супстрати на CYP2C19
  • Истовремената употреба на escitalopram со супстрати на CYP2C19 може да резултира со зголемување на плазма-концентрацијата на супстратите на CYP2C19.

Escitalopram може да се зема со или без храна.

Не се препорачува истовремена употреба на escitalopram и алкохол.

Бременост
  • Не се препорачува употреба на escitalopram за време на бременост.
Доење
  • Не се препорачува доење за време на спроведување на терапијата со escitalopram.

Нема влијание.

Многу чести
  • Главоболка, наузеа.
Чести
  • Намален апетит, зголемен апетит, обезност, анксиозност, немир, абнормални соништа, аноргазмија (кај жени), инсомнија, сомноленција, вртоглавица, парестезија, тремор, синуситис, поспаност, дијареа, констипација, вомитус, сува уста, хиперперспирација, артралгија, мијалгија, нарушена ејакулација и импотенција (кај мажи), замор, пирексија.
Помалку чести
  • Намалена телесна тежина, бруксизам, агитација, нервоза, паничен напад, конфузија, нарушување на вкусот, инсомнија, синкопа, мидријаза, визуелни нарушувања, тинитус, тахикардија, епистакса, гастроинтестинални крварења (вклучително и ректално крварење), уртикарија, алопеција, осип, пруритус, метрорагија и менорагија (кај жени), едем. 
Ретки
  • Анафилактична реакција, агресија, деперсонализација, халуцинации, серотонински синдром, брадикардија.
Многу ретки
  • Тромбоцитопенија, несоодветна секреција на ADН, хипонатриемија, анорексија, манија, суицидни идеи, суицидно однесување, дискинезија, нарушено движење, конвулзии, психомоторен немир, акатизија, продолжен QT-интервал на ECG, вентрикуларна аритмија (вклучувајќи torsades de pointes), oртостатска хипотензија, хепатитис, абнормални тестови на хепаталната функција, ехимози, ангиоедем, уринарна ретенција, галактореа, пост-партална хеморагија, пријапизам (кај мажи).
Непознато

/

Симптоми
  • Вртоглавица, тремор и агитации, серотонински синдром, конвулзии и кома, симптоми поврзани со гастроинтестиналниот тракт (наузеа, вомитус), кардиоваскуларни симптоми (хипотензија, тахикардија, продолжување на QT-интервалот, аритмија), електролитен дисбаланс.
Третман
  • Третманот започнува со гастрична лаважа и ординирање на активен јаглен.
  • Потребно е одржување на функцијата на респираторниот систем, односно соодветно снабдување со кислород.

Escitalopram има минорно влијание врз способноста за возење или управување со машини.

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:N06AB10
Генерично име:escitalopram
Латинично име:Escitalopram film-coated tablets
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:10mg филм-обложени таблети
Производител:КРКА - ФАРМА дооел
Носител на одобрение:KRKA, d.d., Novo mesto (Шмајрешка цеста 6), Ново Место, Словенија