Лек: Глицеролски гел со цинк оксид

ATC код:D02AB
Генерично име:zinc
Индикации:хумектанс, антисептик, адстригенс
Дозирана форма:гел суспензија
Јачина:/
Составни компоненти:

Zinci oxidi – 33.0g

Glycerolum Amylum – 67.0 g

Постапка за подготовка:

Пресметајте ја потребната количина на секоја состојка за вкупната количина што треба да ја подготвите. Внимателно и прецизно измерете ја или одвагајте ја секоја состојка.

 

На почетокот потребно е да се изработи Glycerolum Amylum. За таа цел видете ја соодветната проскрипција.

Потребно е прво цинк оксидот да се просее низ сито со големина на отворите од 250 микрометри (0,25 mm). Во сув и чист аван,се додава една третина (приближно) од скробниот глицеролски гел, па во него постепено во порции се додава цинк оксид и се меша континуирано додека да се добие хомогена маса. Потоа, постепено во порции со континуирано мешање се додава преостанатата количина на гелот.

Пакување:Во добро затворен контејнер.
Чување:На собна температура
Рок на употреба:најмногу 30 дена
Забелешки:

Наведениот рок на употреба е во согласност со препораките  наведени во USP 〈795〉 Pharmaceutical Compounding—Nonsterile Preparations и истите се препорачуваат во отсуство на информации за стабилност кои се применливи за одредена активна супстанција или препарат. Рокот на употреба не треба да биде подоцна од датумот на рокот на траење наведен на контејнерот на која било компонента.

Контрола на квалитет:

Препаратот е  гел суспензија со бела боја.

Дополнително реолошки својства, органолептички особини и физичка стабилност (промена на бојата, туѓи материјали, формирање гас, раст на мувла) се примери за проценки за контрола на квалитетот.

Сигнатура (означување):

Сигнатурата треба да ги содржи следните информации, соодветно:

  • Име, адреса и телефонски број на аптеката што го издава лекот;
  • Име и адреса на аптеката што го подготвува лекот;
  • Име на препаратот, доколку е применливо;
  • Целосен квалитативен состав и количината на активната супстанција;
  • Број на серија, доколку е применливо; 
  • Рок на употреба или информации за ограничувањата за употреба;
  • Посебни услови за складирање или мерки на претпазливост при ракување;
  • Упатства за употреба, предупредувања и мерки на претпазливост;
  • Начин на администрација.
Референци:

https://ansm.sante.fr/uploads/2020/10/23/glycerole-a-l-oxyde-de-zinc.pdf