Лек: Андробас

  • ATC код:G03HA01
  • Компанија:БИОНИКА Фармацеутикалс доо
  • Доза:50mg таблети
Индикации кај мажи
Намалување на сексуален нагон кај сексуални девијации
Антиандроген третман кај иноперабилен карцином на простата
Потиснување на сексуалниот нагон во случај на хиперсексуалност и сексуални отстапувања
Индикации кај жени
Тешки знаци на андрогенизација како тешки форми на хирзутизам, тешка форма на андрогена алопеција, често пратена со тешки форми на акни и/или себореа
Тешки до многу тешки симптоми на андрогенизација кај жени

Cyproterone има директно андиандрогено дејство на карцином на простата и неговите метастази. Исто така, покажува и прогестогена активност која пројавува негативен повратен ефект на рецепторите во хипоталамусот, доведувајќи до редукција во ослободувањето на гонадотропини, а со тоа и намалена продукција на тестикуларни андрогени. Сексуалниот нагон и потенцијата се намалени, а функцијата на гонадите е инхибирана.

Препорачана почетна доза кај мажи е 300mg cyproterone

Антиандроген третман кај иноператибилен карцином на простата
  • Препорачана почетна доза на cyproterone е 2 таблети од 50mg, на секои 8 - 12 часа (200 - 300mg); 
Жени во репродуктивен период
  • Препорачана доза на cyproterone е 2 таблети од 50mg дневно, од 1 - 10-ти ден од циклусот, во временски период од 21 ден. 
Постменопаузални и хистеректомизирани пациенти
  • Препорачана доза на cyproterone е 1 до 1/2 таблета од 50mg дневно, во период од 21 дена, по што следи пауза од 7 дена.
Посебни популации
Постари пациенти
  • Не е потребно прилагодување на дозата. 
Пациенти со хепатално оштетување
  • Употребата на лекот е контраиндицирана. 
Пациенти со ренално оштетување
  • Не е потребно прилагодување на дозата. 
Педијатриска популација
  • Употребата на лекот е контраиндицирана. 
  • Хиперсензитивност кон cyproterone
  • Бременост; 
  • Лактација; 
  • Хепатални заболувања; 
  • Дубин-Џонсон синдром, Ротор синдром; 
  • Жолтица или чешање во тек на предходна бременост; 
  • Херпес во предходна бременост; 
  • Предходни или постоечки хепатални тумори; 
  • Присуство или историја на менингиом; 
  • Исцрпувачки болести; 
  • Тешка хронична депресија; 
  • Предходна или постоечка тромбоемболија; 
  • Тежок дијабетес со васкуларни промени; 
  • Српеста анемија;
  • Намалување на сексуален нагон и сексуални девијации кај мажи;
  • Антиандроген третман кај иноперабилен простата-канцер. 
Инхибитори на CYP450 3A4
  • Истовремената употреба на cyproterone со инхибитори на CYP450 3A4 како кетоконазол, итраконазол, клотримазол или ритонавир е контраиндицирана. 
Инхибитори на HMG-CoA-редуктаза
  • Истовремената употреба на cyproterone со HMG-CoA-редуктаза инхибитори може да резултира со појава на статин-асоцирана миопатија или рабдомиолиза. 

Нема податоци.

Употребата на лекот за време на бременост и доење е контраиндицирана.

Нема податоци.

Несакани дејства кај мажи
Многу чести
  • Намалување на либидото, еректилна дисфункција, реверзибилна инхибиција на сперматогенеза. 
Чести
  • Зголемување или намалување на тежина, депресивно расположение, вознемиреност, недостаток на здив, хепатална токсичност, жолтица, хепатитис, хепатална инсуфисциенсија, гинекомастија, замор, топли бранови, потење.
Помалку чести
  • Осип. 
Ретки

Менингиом, хепирсензитивна реакција

Многу ретки
  • Бенигни и малигни тумори на хепарот.
Непознати
  • Анемија, тромбоемболични настани, интра-абдоминално крварење, остеопороза.
Несакани дејства кај жени
Непознато
  • Бенигни и малигни тумори на хепарот, менингиом, хиперсензитивна реакција, обезност, намалување на тежина, депресивно расположение, вознемиреност, намалување на либидо, зголемување на либидо, тромбоемболични настани, недостаток на здив, интра-абдоминално крварење, хепатална токсичност, жолтица, хепатитис, хепатална инсуфисциенсија, осип, инхибиција на овулација, чувствителност на дојки, крварење во дамки, замор. 

Нема пријавени случаи на предозирање. 

Поради можност од појава на замор и намалена концентрација, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини. 

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:G03HA01
Генерично име:cyproterone
Латинично име:Cyproterone tablet
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:50mg таблети
Производител:БИОНИКА Фармацеутикалс доо
Носител на одобрение:БИОНИКА Фармацеутикалс доо