Лек: Јод 1% гликолен раствор

ATC код:D08AG
Генерично име:Iodine products
Индикации:антисептик и дезинфициенс
Дозирана форма:раствор
Јачина:1%
Составни компоненти:

Iodum – 2.0 g

Natrii iodidum– 4.0 g

Propylenglycolum- 21.0 g

Aqua purificata ad 100.0 g

Постапка за подготовка:

Пресметајте ја потребната количина на секоја состојка за вкупната количина што треба да ја подготвите. Внимателно и прецизно измерете ја или одвагајте ја секоја состојка.

 

Во текот на изработката треба да се користат стаклени садови за подготовка.

Јодот и натриум јодидот се раствораат во прочистена вода и на крај се додава пропилен гликол со мешање

Пакување:Во добро затворен стаклен контејнер заштитетно од светлина.
Чување:На собна температура
Рок на употреба:најмногу 30 дена
Забелешки:

Наведениот рок на употреба е во согласност со препораките  наведени во USP 〈795〉 Pharmaceutical Compounding—Nonsterile Preparations и истите се препорачуваат во отсуство на информации за стабилност кои се применливи за одредена активна супстанција или препарат. Рокот на употреба не треба да биде подоцна од датумот на рокот на траење наведен на контејнерот на која било компонента.

Контрола на квалитет:

Препаратот е раствор со црвено кафеава боја, со мирис на јод.

Дополнително содржина на активна супстанција, реолошки својства, органолептички особини и физичка стабилност (промена на бојата, туѓи материјали, формирање гас, раст на мувла) се примери за проценки за контрола на квалитетот.

Сигнатура (означување):

Сигнатурата треба да ги содржи следните информации, соодветно:

  • Име, адреса и телефонски број на аптеката што го издава лекот;
  • Име и адреса на аптеката што го подготвува лекот;
  • Име на препаратот, доколку е применливо;
  • Целосен квалитативен состав и количината на активната супстанција;
  • Број на серија, доколку е применливо; 
  • Рок на употреба или информации за ограничувањата за употреба;
  • Посебни услови за складирање или мерки на претпазливост при ракување;
  • Упатства за употреба, предупредувања и мерки на претпазливост;
  • Начин на администрација.
Референци:

Formulae magistrales Croaticae 2010, pp 72