Лек: Eтанолен раствор на еритромицин 1%

ATC код:D10AF02
Генерично име:erythromycin
Индикации:акни
Дозирана форма:раствор
Јачина:1%
Составни компоненти:

Acidum citricum anhydricum - 0,076 g

Erythromycinum – 1,10 g

Aethanolum (96 per centum) - 45,0 g

Aqua purificata ad 100,0 g

Постапка за подготовка:

Пресметајте ја потребната количина на секоја состојка за вкупната количина што треба да ја подготвите. Внимателно и прецизно измерете ја или одвагајте ја секоја состојка.

 

Еритромицин се раствора во концентриран етанол. Лимонска киселина, безводна, се раствора во свежо зовриена и оладена прочистена вода. Воден раствор на лимонска киселина се додава во етанолниот раствор и се меша.

Пакување:Во добро затворен контејнер заштитетно од светлина.
Чување:На собна температура.
Рок на употреба:најмногу 30 дена.
Забелешки:

Наведениот рок на употреба е во согласност со препораките  наведени во USP 〈795〉 Pharmaceutical Compounding—Nonsterile Preparations и истите се препорачуваат во отсуство на информации за стабилност кои се применливи за одредена активна супстанција или препарат. Рокот на употреба не треба да биде подоцна од датумот на рокот на траење наведен на контејнерот на која било компонента.

Контрола на квалитет:

Безбоен раствор.

Дополнително содржина на активна супстанција, реолошки својства, органолептички особини и физичка стабилност (промена на бојата, туѓи материјали, формирање гас, раст на мувла) се примери за проценки за контрола на квалитетот.

Сигнатура (означување):

Сигнатурата треба да ги содржи следните информации, соодветно:

  • Име, адреса и телефонски број на аптеката што го издава лекот;
  • Име и адреса на аптеката што го подготвува лекот;
  • Име на препаратот, доколку е применливо;
  • Целосен квалитативен состав и количината на активната супстанција;
  • Број на серија, доколку е применливо; 
  • Рок на употреба или информации за ограничувањата за употреба;
  • Посебни услови за складирање или мерки на претпазливост при ракување;
  • Упатства за употреба, предупредувања и мерки на претпазливост;
  • Начин на администрација.
Референци:

Formulae magistrales Croaticae 2010, pp 69