Image Ad

Монтелукаст: потсетник за ризикот од невропсихијатриски реакции

Резултатите од безбедносната евалуација на лекот монтелукаст го разгледуваат ризикот од појава на невропсихијатриски несакани реакции кај пациенти од сите возрасти, вклучувајќи деца и адолесценти. Монтелукаст е орален антагонист на леукотриенските рецептори кој се употребува кај пациенти на возраст од 6 месеци и постари, како дополнителна терапија за астма која не е доволно контролирана со инхалирани кортикостероиди, како и за профилакса на астма предизвикана од физички напор.