Финастерид: потсетник за ризикот од психијатриски несакани ефекти и за сексуалните несакани ефекти (кои може да продолжат по прекинувањето на третманот)
Резултатите од безбедносната евалуација на лекот финастерид го разгледуваат ризикот од појава на психијатриски несакани реакции и сексуална дисфункција, која во некои случаи може да продолжи и по прекинот на терапијата. Финастерид е инхибитор на 5-алфа редуктазата и се користи во две дозирани форми – дозата од 1 mg е наменета за третман на машката андрогена алопеција кај мажи на возраст од 18 до 41 година, додека дозата од 5 mg се користи за третман и контрола на бенигната хиперплазија на простатата кај возрасни мажи.