Image Ad

Прекинување на терапијата со бета-блокатори по миокарден инфаркт

Резултатите од оваа рандомизираната студија го испитуваат ефектот од прекинување на долготрајната терапија со бета-блокатори кај пациенти кои прележале срцев удар, но немаат срцева слабост и имаат зачувана пумпна функција на срцето. Истражувањето е спроведено во 25 центри во Јужна Кореја и опфатило 2540 стабилни пациенти кои примале бета-блокатори најмалку една година по инфарктот, со ејекциона фракција на левата комора ?40%. Пациентите биле поделени во две групи – кај едната терапијата била прекината, а кај другата продолжена. Медијаната на времето од срцевиот удар до вклучување во студијата изнесувала 4,7 години, што значи дека станува збор за популација во високо стабилна фаза.