Употреба на валпроат кај мажи: како претпазливост, мажите и нивните партнерки треба да користат ефикасна контрацепција
Резултатите од ретроспективната опсервациска укажуваат на можна поврзаност помеѓу употребата на валпроат кај мажи во периодот околу зачнувањето и зголемен ризик од нарушувања на невролошкиот развој кај нивните деца. Валпроатот (натриум валпроат, валпроинска киселина) е лек кој се користи за третман на епилепсија и биполарно растројство, а понекогаш и за други состојби надвор од официјалната индикација. Досегашните безбедносни мерки беа фокусирани првенствено на ризиците кај жени кои го користат лекот за време на бременоста, каде што е утврден висок ризик од вродени малформации и нарушувања во развојот кај децата (до 30-40%). Сепак, новите податоци укажуваат дека потенцијалниот ризик постои и кај машката популација.