Гастроезофагеална рефлуксна болест
Гастрични улкуси предизвикани од НСАИЛи
Превенција на гастрични и дуоденални улкуси предизвикани од НСАИЛи
Превенција на повторно крварење по спроведена терапија на гастричен или дуоденален улкус
Деца и адолесценти до 18-годишна возраст Гастроезофагеален рефлукс кај пациенти со ерозивен рефлуксен езофагитис
Esomeprazole делува на ниво на париеталните клетки на желудникот, каде се врзува за сулфхидрилните групи на цистеинските резидуи на ензимот Н+/К+-АТР-аза и го инхибира неговото дејство, односно ја инхибира протонската пумпа, што резултира со инхибиција на базалната и стимулираната секреција на хлороводородна киселина.
Препорачана доза на esomeprazole за третман на рефлуксен езофагитис е 40mg дневно.
Препорачана доза на esomeprazole за симптоматски третман на рефлуксна болест е 20mg дневно.
Препорачана доза на esomeprazole за третман на улкус предизвикан од НСАИЛи е 20mg дневно.
Препорачана доза на esomeprazole која се администрира после ендоскопија е 80mg, администрирана во облик на болус инфузија, во тек на 30 минути, проследено со интравенска инфузија од 8 mg/h, администрирана во тек на 72 часа.
Посебни популацииПостари пациенти
- Не е потребно прилагодување на дозата.
Пациенти со ренално оштетување
- Не е потребно прилагодување на дозата кај пациенти со лесна до умерена ренална инсуфициенција;
- Потребно е прилагодување на дозата кај пациенти со тешка ренална инсуфициенција.
Педијатриска популацијаТабела 1. Прилагодување на дозата
|
Возраст
|
Третман на ерозивен рефлуксен езофагитис
|
Симптоматски третман на гастроезофагеална рефлуксна болест
|
|
1 - 11 години
|
Телесна тежина < 20kg - 10mg дневно
Телесна тежина > 20kg - 10mg или 20mg дневно
|
10mg дневно
|
|
12 - 18 години
|
40mg дневно
|
20mg дневно
|
Пациенти со хепатално оштетување
- Не е потребно прилагодување на дозата кај пациенти со лесна до умерена хепатална инсуфициенција;
- Потребно е прилагодување на дозата кај пациенти со тешка хепатална инсуфициенција.
Esomeprazole се зема најмалку 1 час пред, односно 1 час по оброците.
Во случај на предозирање, се препорачува примена на симптоматски и супортивен третман.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.