Лек: Галосарт

  • ATC код:C09CA01
  • Компанија:ГАЛЕНИКА ДООЕЛ Скопје
  • Доза:50mg филм-обложени таблети
Есенцијална хипертензија
Ренална болест
  • Применливо кај возрасни пациенти со хипертензија и дијабетес мелитус тип 2, со протеинурија ≥ 0,5g на ден како дел од антихипертензивниот третман.
Хронична кардијална инсуфициенција
Намалување на ризикот од појава на мозочен удар
  • Применливо кај возрасни пациенти со хипертензија и лево-вентрикуларна хипертрофија.

Losartan претставува реверзибилен и компетитивен антагонист на рецепторите на ангиотензин II АТ1 сместени во васкуларната мазна мускулатура и во адреналните жлезди; со инхибиција на врзувањето на ангиотензин II за АТ1 рецепторите, доаѓа до релаксација на васкуларната мазна мускулатура и до намалување на крвниот притисок.

Хипертензија
  • Препорачана почетна доза и доза на одржување на losartan e 50mg дневно; максималниот хипертензивен ефект се постигнува за 3 - 6 недели од почетокот на терапијата. 
Хипертензивни пациенти со дијабетес мелитус тип 2 со протеинурија ≥ 0,5g на ден
  • Препорачана почетна доза на losartan e 50mg дневно, со можност за зголемување на дозата до 100mg дневно.
Кардијална инсуфициенција
  • Препорачана почетна доза на losartan e 12,5mg дневно; дозата се титрира на неделни интервали (12,5mg дневно, 25mg дневно, 50mg дневно, 100mg дневно), до максимална доза од 150mg дневно.
Намалување на ризикот од појава на мозочен удар кај хипертензивни пациенти со лево-вентрикуларна хипертрофија
  • Препорачана почетна доза на losartan e 50mg дневно.
Посебни популации
Постари пациенти
  • Препорачана почетна доза на losartan e 25mg дневно.
Педијатриска популација
Педијатриски пациенти на возраст од 6 месеци до 6 години
  • Не се препорачува употреба на losartan кај педијатриски пациенти на возраст од 6 месеци до 6 години.
Педијатриски пациенти на возраст од 6 - 18 години
  • Препорачана почетна доза на losartan за пациенти со телесна тежина од 20 - 50 kg e 25mg дневно; 
  • Кај пациенти со телесна тежина > 50kg, препорачана почетна доза на losartan e 50mg дневно, со можност за прилагодување на дозата до 100mg дневно. 
Пациенти со ренално оштетување
  • Не е потребно прилагодување на дозата.
Пациенти со хепатално оштетување
  • Потребно е прилагодување на дозата кај пациенти со лесно до умерено хепатално оштетување; 
  • Употребата на losartan e контраиндицирана кај пациенти со тешко хепатално оштетување. 
  • Хиперсензитивност кон losartan
  • Втор и трет триместар од бременоста; 
  • Тешко хепатално нарушување; 
  • Истовремена употреба на лекови кои содржат алискирен кај пациенти со дијабетес мелитус или ренално нарушување (креатинин клиренс < 60 mL/min). 
Антихипертензиви
  • Истовремената употреба на losartan со други антихипертензивни лекови може да резултира со постигнување на адитивен хипотензивен ефект.
Трициклични антидепресиви, антипсихотици, баклофен, амифостин
  • Истовремената употреба на losartan со други лекови кои може да го намалат крвниот притисок, како трициклични антидепресиви, антипсихотици, баклофен или амифостин може да го зголеми ризикот од појава на хипотензија.
Инхибитори на CYP450 2C9
  • Истовремената употреба на losartan со инхибитори на CYP450 2C9 како што е флуконазолот може да резултира со намалување на плазматската концентрација на активниот метаболит на losartan
Индуктори на CYP450 3A4
  • Истовремената употреба на losartan со индуктори на CYP450 3A4 како што е рифампицин може да резултира со намалување на плазматската концентрација на активниот метаболит на losartan.
Диуретици кои штедат калиум
  • Истовремената употреба на losartan со диуретици кои штедат калиум, како амилорид, триамтерен или спиронолактон може да го зголеми ризикот од појава на хиперкалиемија. 
Литиум
  • Истовремената употреба на losartan со литиум може да резултира со реверзибилно зголемување на плазматската концентрација на литиумот и потенцирање на неговите токсични ефекти.
НСАИЛи
  • Истовремената употреба на losartan со НСАИЛи може да резултира со намалување на антихипертензивниот ефект и да го зголеми ризикот од влошување на реналната функција, вклучувајќи и акутна ренална инсуфициенција и хиперкалиемија.
АКЕ-инхибитори
  • Истовремената употреба на losartan со АКЕ-инхибитори може да го зголеми ризикот од појава на хипотензија, хиперкалиемија и намалена ренална функција, вклучително и акутна ренална инсуфициенција.
Сок од грејпфрут
  • Истовремената употреба на losartan со сок од грејпфрут може да резултира со намалување на плазматската концентрација на активниот метаболит на losartan.
Бременост
  • Не се препорачува употреба на losartan за време на бременост.
Доење
  • Не се препорачува доење за време на спроведување на терапија со losartan.

Нема податоци.

Многу чести

/

Чести
  • Анемија, вртоглавица, вертиго, ортостатска хипотензија, ренално нарушување, ренална инсуфициенција, астенија, замор, хиперкалиемија, хиперурикемија, покачени серумски нивоа на креатинин, хипогликемија. 
Помалку чести
  • Поспаност, главоболка, нарушување на спиењето, палпитации, ангина пекторис, ортостатска хипотензија, диспнеа, кашлица, абдоминална болка, констипација, дијареа, наузеа, вомитус, уртикарија, пруритус, осип, астенија, замор, едем, хиперкалиемија.
Ретки
  • Зголемени серумски нивоа на аланин аминотрансфераза, атријална фибрилација, цереброваскуларни настани, синкопа, парестезија.
Многу ретки

/

Непознато

/

Симптоми
  • Хипотензија, тахикардија, брадикардија. 
Третман
  • Администрација на активен јаглен; 
  • Симптоматски и супортивен третман.

Поради можност од појава на вртоглавица и замор, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:C09CA01
Генерично име:losartan
Латинично име:Losartan film-coated tablets
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:50mg филм-обложени таблети
Производител:ГАЛЕНИКА ДООЕЛ Скопје
Носител на одобрение:GALENIKA AD, Белград, Србија