Бронходилататорна терапија на одржување за олеснување на симптомите на хронична опструктивна белодробна болест
Tiotropium bromide претставува антагонист на мускаринските холинергични рецептори кој предизвикува бронходилатација и кој ја намалува бронхијалната секреција. На клеточно ниво, tiotropium bromide врши супресија на активноста на ацетилхолинот, со што се спречува контракција на бронхијалната мазна мускулатура и се подобрува спроводливоста на респираторните патишта.
Препорачана доза на tiotropium bromide е инхалација на содржината од една капсула, еднаш дневно со помош на HandiHaler уред за инхалација, во исто време секој ден.
Посебни популацииПостари пациенти
- Не е потребно прилагодување на дозата.
Педијатриска популација
- Не се препорачува употреба на tiotropium bromide кај педијатриски пациенти под 18-годишна возраст.
Пациенти со ренално оштетување
- Не е потребно прилагодување на дозата.
Пациенти со хепатално оштетување
- Не е потребно прилагодување на дозата.
Поради можност од појава на вртоглавица, главоболка и заматен вид, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување