Бронходилататорна терапија на одржување за олеснување на симптомите на хронична опструктивна белодробна болест
Дополнителна терапија на бронходилататорната терапија на одржување на тешка астма
Tiotropium bromide претставува антагонист на мускаринските холинергични рецептори кој предизвикува бронходилатација и кој ја намалува бронхијалната секреција. На клеточно ниво, tiotropium bromide врши супресија на активноста на ацетилхолинот, со што се спречува контракција на бронхијалната мазна мускулатура и се подобрува спроводливоста на респираторните патишта.
Препорачана доза на tiotropium bromide е две вдишувања, односно 5mcg, администрирани преку Respimat инхалатор, еднаш дневно, секој ден во исто време.
Посебни популацииПостари пациенти
- Не е потребно прилагодување на дозата.
Педијатриска популацијаАстма
- Препорачана доза на tiotropium bromide кај педијатриски пациенти на возраст од 6 - 17 години 5mcg, администриран како две инхалации со Respimat инхалатор еднаш дневно, секој ден во исто време;
- Кај адолесценти на возраст од 12 - 17 години се препорачува администрација на инхалациски кортикостероиди (800 - 1600 mcg будесонид дневно) и еден контролер или дополна на инхалациски кортикостероиди (400 - 800 mcg будесонид дневно) со два контролери, како дополнителна терапија;
- Кај деца на возраст од 6 - 11 години со тешка астма, tiotropium bromide се применува во комбинација со инхалациски кортикостероиди (> 400mcg будесонид дневно) и еден контролер или како дополна на инхалациските кортикостероиди (200 - 400 mcg дневно) со два контролери.
Пациенти со ренално оштетување
- Не е потребно прилагодување на дозата.
Пациенти со хепатално оштетување
- Не е потребно прилагодување на дозата.
Поради можност од појава на вртоглавица, главоболка и заматен вид, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување