Превенција на настани асоцирани со скелетно оштетување
- Патолошки фрактури, спинална компресија, зрачење или хируршки интервенции на коската или хиперкалциемија индицирана од тумор кај возрасни пациенти со напреднати малигнитети кои вклучуваат и коскени метастази.
Тумор-индуцирана хиперкалциемија
Zoledronic acid претставува лек од групата на бифосфонати и делува како инхибитор на коскената ресорпција. Zoledronic acid предизвикува апоптоза на хематопоетските туморски клетки преку механизам на инхибиција на активноста на компонентите од мевалонат патеката, како фарнезил дифосфат синтетаза, фарнезил дифосфат и геранилгеранил дифосфат.
Препорачаната доза на zoledronic acid за превенција на настани поврзани со “оштетување ”на скелетот кај пациенти со напредни малигнитети е 4mg на секои 3 - 4 недели. Дополнително, кај овие пациенти се препорачува перорална администрација на 500mg калциум дневно и 400 IE витамин D дневно.
За време на спроведување на третманот со zoledronic acid (пред и по администрација), пациентите треба да бидат добро хидрирани.
Посебни популацииПостари пациенти
- Не е потребно прилагодување на дозата.
Пациенти со ренално оштетување
- Не е потребно прилагодување на дозата.
Тумор-индуцирана хиперкалциемија
Превенција на настани асоцирани со скелетно оштетување Табела 1. Прилагодување на дозата во зависност од реналната функција
Креатинин клиренс (mL/min)
|
Препорачана доза
|
> 60
|
4.0mg
|
50 - 60
|
3.5mg
|
40 - 50
|
3.0mg
|
30 - 40
|
3.0mg
|
Употребата на zoledronic acid е контраиндицирана.
Не се препорачува употреба на zoledronic acid кај жени во репродуктивен период.
Во случај на предозирање и појава на хипокалциемија, се препорачува администрација на инфузија на калциум глуконат.
Поради можност од појава на вртоглавица и поспаност, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.