Alprazolam претставува лек од групата на бензодиазепини кој покажува висок афинитет за врзување со бензодиазепинските рецептори во мозокот; ја олеснува инхибиторната невротрансмитерска активност на γ-аминобутерната киселина (GABA) која е посредник при пресинаптичката и пост-синаптичката инхибиција во централниот нервен систем.
Лекувањето треба да биде што е можно пократко; целокупното времетраење на третманот не треба да биде повеќе од 8 – 12 недели, вклучително и намалување на дозата.
Се препорачува дневната доза на alprazolam да се намалува за не повеќе од 0,50mg на секои 3 дена.
Анксиозност
- Препорачана доза на alprazolam е 0,25mg – 0,50mg, трипати дневно;
- По потреба, дозата може да се зголеми до вкупна дневна доза од 3mg.
Постари пациенти и пациенти со онеспособувачка болест
- Препорачана доза на alprazolam е 0,25mg, 2 – 3 пати дневно;
- По потреба, дозата може да се зголемува постепено;
- Кај постарите пациенти, клиренсот на alprazolam е намален, а со тоа е зголемена и чувствителноста кон лекот.
Педијатриска популација
- Нема податоци кои се однесуваат на безбедноста од употребата на alprazolam кај деца и адолесценти на возраст под 18 години.
Alprazolam предизвикува седација, амнезија, нарушување на концентрацијата и мускулна слабост, што може да ја намали способноста за возење или управување со машини.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.