Amikacin претставува полусинтетски аминогликозиден антибиотик со бактерицидно дејство, кој делува преку механизам на врзување за 30Ѕ рибозомската субединица, со што се спречува синтезата на бактериските протеини, односно се синтетизираат нефункционални протеини или токсични пептиди кои бактериската клетка не може да ги искористи за својот раст.
Amikacin растворот за инјектирање може да се администрира интрамускулно или интравенски.
Максимални серумски нивоа на amikacin (30 – 90 минути од инјектирањето) од над 35 µg/mL и средни серумски нивоа (непосредно пред следната доза) од над 10 µg/mL треба да се избегнуваат.
Кај живото-загрозувачки инфекции или кај пациенти кај кои не е можна интрамускулна администрација на amikacin, истиот може да се администрира интравенски или во облик на бавна интравенска инјекција (2 – 3 минути) или инфузија (0,25% над 30 минути).
Вообичаено времетраење на третманот е 7 – 10 дена. Вкупната дневна доза при сите начини на примена не смее да ја надминува дозата од 15 – 20 mg/kg/ден.
Во концентрација од 0,25% (2,5 mg/mL), amikacin може да се применува како раствор за иригација во апсцесни празнини, плевралниот простор, перитонеумот и церебралните комори.
Интрамускулна и интравенска администрација Возрасни и деца на возраст над 12 години
- Препорачана интрамускулна или интравенска доза кај возрасни пациенти и адолесценти со нормална ренална функција (креатинин клиренс ≥ 50 mL/min) е 15 mg/kg/ден, администрирана како единечна дневна доза или поделена во две еднакви дози – на пример, 7,5 mg/kg/ на 12 часа;
- Вкупната дневна доза не смее да надмине 1,2g.
Деца на возраст од 4 недели до 12 години
- Препорачана интрамускулна или интравенска (бавна интравенска инфузија) доза кај деца со нормална ренална функција е 15 – 20 mg/kg/ден, администрирана како единечна дневна доза или поделена во две еднакви дози – на пример, 7,5 mg/kg/ на 12 часа.
Новороденчиња
- Иницијална ударна доза е 10 mg/kg, а потоа се продолжува со 7,5 mg/kg на 12 часа.
Предвремено родени бебиња
- Препорачана доза е 7,5 mg/kg на секои 12 часа.
Интравенска администрација
- Кај возрасни и кај педијатриски пациенти, растворот се применува во облик на инфузија во траење од 30 – 60 минути;
- Кај доенчиња, се препорачува инфузијата да трае 1 – 2 часа.
Постари пациенти
- Препорачливо е прилагодување на дозата.
Живото-загрозувачки инфекции или инфекции предизвикани од Pseudomonas
- Дозата за возрасни може да се зголеми до 500mg на секои 8 часа, но не смее да ја надмине дозата од 1,5 g/ден, ниту да се администрира во период подолг од 10 дена.
Инфекции на ниво на уринарен систем (освен Pseudomonas-инфекции)
- Препорачана доза е 7,5 mg/kg на секои 12 часа.
Пациенти со ренално оштетување
- Дозата на amikacin кај пациенти со ренално оштетување се одредува врз основа на вредноста на креатинин клиренсот (Табела 1.);
- Во услови кога вредноста за креатинин клиренсот не е достапна, а состојбата на пациентот е стабилна, временскиот интервал во часови при примена на нормална доза (7,5 mg/kg, на 12 часа) може да се пресмета преку множење на концентрацијата на серумскиот креатинин на пациентот со 9 (Табела 1.);
Табела 1. Одредување на временскиот интервал помеѓу дозите врз основа на вредноста за креатинин клиренсот
|
Серумски креатинин (mg / 100mL)
|
Интервали помеѓу дози од 7,5 mg/kg, интрамускулно (часови)
|
|
1,5
|
х 9
|
13,5
|
|
2,0
|
18,0
|
|
2,5
|
22,5
|
|
3,0
|
27,0
|
|
3,5
|
31,5
|
|
4,0
|
36,0
|
|
4,5
|
40,5
|
|
5,0
|
45,0
|
|
5,5
|
49,5
|
|
6,0
|
54,0
|
Намалено дозирање со фиксен временски интервал:
- Најпрво се дава иницијална доза од 7,5 mg/kg како ударна доза; за одредување на дозата на одржување на секои 12 часа, ударната доза треба да се намали пропорционално со намалувањето на креатинин клиренсот на пациентот, односно:
Доза на одржување на секои 12 часа =
Интраперитонеална администрација
- Кај докажан перитонитис или по перитонеална контаминација како резултат на фекално излевање за време на хируршка интервенција, amikacin може да се применува како раствор за промивање после закрепнување од анестезија, во концентрации од 0,25% (2,5 mg/mL);
- Не се препорачува интраперитонеална апликација на amikacin кај деца.
Во случај на предозирање, постои ризик од нефротоксичност, ототоксичност и невротоксичност (невро-мускулна блокада); кај невро-мускулната блокада со респираторен арест, потребна е соодветна терапија која подразбира апликација на јонски калциум (во облик на глуконат или лактобионат во 10 – 20% раствор).
Перитонеална дијализа или хемодијализа може да помогнат во отстранување на amikacin од крвта.
Препорачлива е претпазливост при возење или управување со машини.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.