Лек: Максидекс

  • ATC код:S01BA01
  • Компанија:НОВАРТИС ФАРМА СЕРВИСИС АГ - Претставништво Република Северна Македонија
  • Доза:1 mg/mL капки за очи, суспензија
Неинфективна инфламација и алергиски состојби на конјунктивата, корнеата и предниот сегмент на окото

Dexamethasone претставува синтетски гликокортикоид со изразено антиинфламаторно и антиалергиско дејство; антиинфламаторното дејство се должи на инхибиција на фосфолипазата А2, која учествува во синтеза на простагландини и инхибиција на хемотаксичната инфилтрација на неутрофили на местото на инфламацијата. Со инхибиција на фосфолипазата А2 се намалува и синтезата на дериватите на арахидонска киселина. Dexamethasone исто така ја инхибира активноста на нуклеарниот фактор kappa-B, како и на некои други инфламаторни фактори на интранскрипција. 

Препорачана почетна доза на dexamethasone кај пациенти со тешки или акутни инфламации е 1 - 2 капки аплицирани во конјунктивалната кеса на заболеното око / очи, на секои 30 - 60 минути.

Препорачана почетна доза на dexamethasone во случај на хронична инфламација е 1 - 2 капки аплицирани во конјунктивалната кеса на заболеното око / очи, на секои 3 - 6 часа.

Препорачана почетна доза на dexamethasone во случај на алергии и мали инфламации е 1 - 2 капки аплицирани во конјунктивалната кеса на заболеното око / очи, на секои 3 - 4 часа.

Посебни популации
Пациенти со ренално оштетување
  • Не е потребно прилагодување на дозата.
Пациенти со хепатално оштетување
  • Не е потребно прилагодување на дозата.
Педијатриска популација
  • Нема податоци.
Постари пациенти
  • Не е потребно прилагодување на дозата. 
  • Хиперсензитивност кон dexamethasone
  • Акутна, нетретирана бактериска инфекција; 
  • Херпес симплекс кератитис; 
  • Вакцинација, варичела и други вирусни инфекции на корнеата или на конјунктивата; 
  • Фунгални заболувања на окуларната структура или нетретирани паразитски окуларни инфекции; 
  • Микобактериска окуларна инфекција.
Локални кортикостероиди
  • Истовремената употреба на dexamethasone со други локални кортикостероиди може да го отежни заздравувањето.
Локални НСАИЛи
  • Истовремената употреба на dexamethasone со локални НСАИЛи може да го отежни заздравувањето.
Ритонавир
  • Истовремената употреба на dexamethasone со ритонавир може да резултира со зголемување на плазматската концентрација на dexamethasone.

Нема влијание. 

Бременост
  • Не се препорачува употреба на dexamethasone за време на бременост.
Доење
  • Не се препорачува доење за време на спроведување на терапија со dexamethasone.

Нема влијание.

Чести
  • Окуларна непријатност.
Помалку чести
  • Кератитис, конјунктивитис, суво око, обојување со дамки на корнеата, фотофобија, заматен вид, окуларен пруритус, чувство на страно тело во окото, хиперлакримација, абнормална сензација во окото, крусти на очниот капак, окуларна иритација, окуларна хиперемија.
Непознато
  • Хиперсензитивност, Cushing-ов синдром, адренална инсуфициенција, вртоглавица, главоболка, глауком, улцеративен кератитис, намалена острина на видот, корнеална ерозија, паѓање на очните капаци, окуларна болка, мидријаза.
Многу чести

/

Ретки

/

Многу ретки

/

Нема пријавени случаи на предозирање. 

Поради можност од појава на заматен вид, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:S01BA01
Генерично име:dexamethasone
Латинично име:Dexamethasone eye drops, suspension
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:1 mg/mL капки за очи, суспензија
Производител:НОВАРТИС ФАРМА СЕРВИСИС АГ - Претставништво Република Северна Македонија
Носител на одобрение:S.A. ALCON Couvreur N. V., Пурс, Белгија
chloramphenicol
Умерена
clarithromycin
Умерена
cobicistat
Умерена
conivaptan
Умерена
cyclosporine ophthalmic
Умерена
darunavir
Умерена
delavirdine
Умерена
diclofenac ophthalmic
Умерена
erythromycin
Умерена
fedratinib
Умерена
flurbiprofen ophthalmic
Умерена
fosamprenavir
Умерена
idelalisib
Умерена
indinavir
Умерена
itraconazole
Умерена
ketoconazole
Умерена
ketorolac ophthalmic
Умерена
levoketoconazole
Умерена
lonafarnib
Умерена
mibefradil
Умерена
miconazole
Умерена
nefazodone
Умерена
nelfinavir
Умерена
nepafenac ophthalmic
Умерена
posaconazole
Умерена
adagrasib
Умерена
amprenavir
Умерена
atazanavir
Умерена
berotralstat
Умерена
boceprevir
Умерена
bromfenac ophthalmic
Умерена
ceritinib
Умерена
ritonavir
Умерена
saquinavir
Умерена
smallpox vaccine
Сериозна
suprofen ophthalmic
Умерена
telaprevir
Умерена
telithromycin
Умерена
troleandomycin
Умерена
tucatinib
Умерена
voriconazole
Умерена
voxelotor
Умерена