Неинфективни инфламаторни заболувања на конјунктивата, корнеата и предниот сегмент на окото
Dexamethasone претставува синтетски гликокортикоид со изразено антиинфламаторно и антиалергиско дејство; антиинфламаторното дејство се должи на инхибиција на фосфолипазата А2, која учествува во синтеза на простагландини и инхибиција на хемотаксичната инфилтрација на неутрофили на местото на инфламацијата. Со инхибиција на фосфолипазата А2 се намалува и синтезата на дериватите на арахидонска киселина. Dexamethasone исто така ја инхибира активноста на нуклеарниот фактор kappa-B, како и на некои други инфламаторни фактори на интранскрипција.
Препорачана доза на dexamethasone во првите 2 дена од спроведувањето на терапијата е 1 капка која се аплицира во конјунктивалната кеса на заболеното око / очи, 2 - 5 пати дневно, а потоа се продолжува со апликација на 1 капка на секои 8 часа.
Посебни популацииПациенти со ренално оштетување
- Не е потребно прилагодување на дозата.
Пациенти со хепатално оштетување
- Не е потребно прилагодување на дозата.
Постари пациенти
- Не е потребно прилагодување на дозата.
Нема пријавени случаи на предозирање.
Поради можност од појава на заматен вид, се препорачува претпазливост при возење или управување со машини.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.