Третман на долготрајна бронхијална астма кај возрасни пациенти, адолесценти, деца и новороденчиња на возраст од 6 месеци и постари
Третман на многу сериозен псевдокруп кај кој е индицирана хоспитализација
Budesonide претставува глукокортикоид кој покажува антиинфламаторно дејство на ниво на респираторниот и гастроинтестиналниот тракт. Budesonide ја инхибира апоптозата на неутрофилите, ја инхибира активноста на фосфолипазата А2, со што се инхибира синтезата на арахидонската киселина и нејзините деривати. Дополнително, budesonide ја инхибира активноста на нуклеарниот фактор NF-kappa-B и други проинфламаторни фактори на транскрипција, додека ја стимулира активноста на антиинфламаторните гени, како што е интерлеукин-10.
Budesonide инхалациската суспензија се администрира со помош на небулизатор со распрснувач, кој се испорачува со дел за уста или маска; инхалаторот мора да биде приклучен за компресор за воздух со соодветен проток на воздух (6 – 8 L/min), а волуменот на полнење треба да изнесува од 2 – 4 mL.
АстмаДеца на возраст од 6 месеци и постари
- Препорачаната почетна доза, односно доза на одржување на budesonide се движи од 0,25 – 1,0 mg дневно. Кај пациенти кои примаат терапија за одржување со перорални стероиди, почетната доза на budesonide може да биде повисока, односно да достигне 2,0mg дневно.
Постари пациенти, возрасни и деца / адолесценти на возраст над 12 години
- Препорачаната почетна доза, односно доза на одржување на budesonide се движи од 0,5 – 2,0 mg дневно.
Пациенти со терапија на одржување со перорални глукокортикоиди
- На почеток се употребува висока доза на budesonide, која се администрира истовремено со пероралниот глукокортикоид, во тек на приближно 10 дена. Потоа, дозата на пероралниот глукокортикоид се намалува до најниското можно ниво.
Пациенти со терапија на одржување со системски кортикостероиди
- Кај некои пациенти може да се јават симптоми на повлекување на системските кортикостероиди; во ваков случај, препорачливо е да се продолжи со земање на budesonide, а дозата на системските кортикостероиди привремено да се зголеми, а потоа уште побавно да се намалува (Табела 1.)
Табела 1. Шема за дозирање на budesonide кај пациенти со терапија на одржување со системски кортикостероиди
|
Доза (mg)
|
Волумен на budesonide инхалациска суспензија
|
|
|
0,25mg / 2mL
|
0,5mg / 2mL
|
1mg / 2mL
|
|
0,25
|
2mL
|
|
|
|
0,5
|
4mL или
|
2mL
|
|
|
0,75
|
2mL плус
|
2mL
|
|
|
1
|
|
4mL или
|
2mL
|
|
1,5
|
|
2mL плус
|
2mL
|
|
2
|
|
|
4mL
|
Псевдокруп
- Препорачана доза на budesonide е 2mg, администрирана во облик на поединечна доза или како две дози од 1mg на временско растојание од 30 минути;
- Дозирањето може да се повторува на секои 12 часа.
Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.