Лек: Ибандронат Лек

  • ATC код:M05BA06
  • Компанија:ЛЕК - СКОПЈЕ Лек д.д. Љубљана дооел
  • Доза:150mg филм-обложени таблети
Третман на остеопороза кај пост-менопаузални жени со зголемен ризик од фрактури

Ibandronic acid претставува лек од групата на бифосфонати кој делува преку механизам на индукција на апоптоза – програмирана клеточна смрт на хематопоетските малигни клетки по пат на инхибиција на активноста на компонентите од мевалонат-патеката, како што се фарнезил дифосфат синтетаза, фарнезил дифосфат и геранилгеранил дифосфат; овие компоненти се есенцијални за пост-транслациска пренилација на GTP-врзувачките протеини, како што е Rap1. Отсуството на пренилација на овие протеини интерферира со нивната функција, така што, резултира со апоптоза. Дополнително, Ibandronic acid ја активира каспаза-3, што исто така резултира со апоптоза. 

Препорачана доза на Ibandronic acid е 150mg, eднаш месечно.

Ibandronic acid таблетите се земаат на ист датум секој месец.

Ibandronic acid се зема по ноќно спиење, по подолг временски период без јадење (најмалку 6 часа), односно 1 час пред првиот оброк или пијалок (освен вода).

Ibandronic acid филм-обложените таблети се земаат исклучително со вода, а пациентите не смеат да легнат 1 час по земањето на соодветната доза.

Посебни популации
Постари пациенти
  • Не е потребно прилагодување на дозата.
Педијатриска популација
  • Не се препорачува употреба на Ibandronic acid кај деца и адолесценти на возраст под 18 години.
Пациенти со ренално оштетување
  • Не се препорачува употреба на Ibandronic acid кај пациенти со креатинин клиренс < 30 mL/min;
  • Не е потребно прилагодување на дозата кај пациенти со лесна до умерена ренална инсуфициенција.
Пациенти со хепатално оштетување
  • Не е потребно прилагодување на дозата.
  • Хиперсензитивност кон Ibandronic acid;
  • Хипокалциемија;
  • Абнормалности на езофагусот што го одложуваат езофагеалното празнење (на пр. стриктура или ахалазија);
  • Неможност на пациентот да стои или да седи исправено најмалку 1 час.
Додатоци на калциум, антациди и лекови кои содржат поливалентни катјони
  • Истовремената употреба на Ibandronic acid со додатоци на калциум, антациди и/или други лекови кои содржат поливалентни катјони може да резултира со намалување на апсорпцијата и на биорасположливоста на Ibandronic acid
Ацетилсалицилна киселина и НСАИЛи
  • Истовремената употреба на Ibandronic acid со ацетилсалицилна киселина или некои НСАИЛи може да ја потенцира гастроинтестиналната иритација којашто ја предизвикуваат овие лекови и поединечно. 

Пероралната биорасположливост на Ibandronic acid се намалува во присуство на храна, особено со производи кои содржат калциум (вклучително млеко и млечни производи), како и други поливалентни катјони (на пр. алуминиум, магнезиум, железо).

Бременост
  • Не се препорачува употреба на Ibandronic acid за време на бременост.

Доење
  • Не се препорачува доење за време на спроведување на третман со Ibandronic acid.

Нема податоци.

Многу чести

/

Чести
  • Главоболка, езофагитис, гастритис, гастроезофагеален рефлукс, диспепсија, дијареа, абдоминална болка, наузеа, осип, артралгија, мијалгија, мускуло-скелетна болка, мускулни спазми, мускуло-скелетна ригидност, болест слична на грип.
Помалку чести
  • Егзацербација на астма, вертиго, езофагитис со езофагеални улцерации или со стриктури и дисфагија, вомитус, флатуленција, болка во грбот, слабост. 
Ретки
  • Хиперсензитивна реакција, инфламација на окото, дуоденитис, ангиоедем, лицев едем, уртикарија, атипични суптрохантерични и дијафизни фрактури на фемурот. 
Многу ретки
  • Анафилактичка реакција, анафилактичен шок, Stevens-Johnson-ов синдром / токсична епидермална некролиза, erythema multiforme, булозен дерматитис, остеонекроза на вилицата, остеонекроза на надворешниот ушен канал. 
Непознато

/

Симптоми
  • Гастроинтестинални симптоми: абдоминална болка, диспепсија, езофагитис, гастритис.

Третман
  • Администрација на млеко или антациди, со цел спречување на апсорпција на Ibandronic acid.

Нема влијание.

Задолжително проверете го рокот на употреба и условите на чување означени на надворешното пакување.

ATC код:M05BA06
Генерично име:ibandronic acid
Латинично име:Ibandronic acid film-coated tablets
Jaчина и фармацевтска дозирана форма:150mg филм-обложени таблети
Производител:ЛЕК - СКОПЈЕ Лек д.д. Љубљана дооел
Носител на одобрение:LEK farmacevtska druzba d.d., Љубљана, Словенија, LEK S.A. , Варшава, Полска, PHARMATHEN S.A., Палини/Атики, Грција